Младите битолчани ги покажаа своите таленти на „Креативна млада Битола“

фото: ЈОУ КИЦ Битола

Младите битолчани денеска ја покажаа својата креативност на првото издание на манифестацијата „Креативна млада Битола“ што се одржа на платото на Офицерскиот дом – КИЦ Битола. На настанот учествуваа голем број ученици од основните и средни училишта од Битола кои цртаа, рецитираа, глумеа, пееа и изработуваа дела од глина.

Учениците, под менторство на нивните професори и наставници ги претставија своите креативни презентации од областа на поезијата, прозата, ликовната уметност и музиката.

Овој настан е дел од меморандумот за соработка кој КИЦ-Битола и претставниците на средните битолски училишта го потпишаа пред два месеци, а која веќе донесе неколку соработки и отвори можност за креативно претставување на младите во Битола.