fbpx
Таг: социјални мрежи

таг: социјални мрежи

Дебата за млади „Мрачната страна на социјалните медиуми“ на 5 април во „Јавна соба“

Следната среда, на 5 април, во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи дебатата за млади „Мрачната страна на социјалните медиуми – коегзистирање со доброто и злото“, во организација на Фондацијата Метаморфозис. Главна тема на настанот ќе бидат социјалните мрежи, со фокус на нивната „темна страна“ и негативните ефекти што ги имаат врз корисниците на Интернет - друштвена изолација, сајбер...

Твитер сега вреди помалку од половина од она што Маск го плати за компанијата

Твитер вреди помалку од половина од она што Илон Маск го плати за платформата пред шест месеци, според пресметките засновани на протечениот меморандум испратен од милијардерот до вработени во компанијата. Според напишаното од Маск во меморандумот, платформата за социјални медиуми сега се проценува на помалку од 20 милијарди долари, јавува „Гардијан“. Во октомври минатата година, за да го купи Твитер, Маск...

Директорот на ТикТок пет часа во Конгресот зборуваше за врските со Кина

Извршниот директор на ТикТок, Шоу Зи Чју беше принуден да ги брани односите на неговата компанија со Кина, како и заштитата на најмладите корисници, на вчерашното тензично сослушување во американскиот Конгрес. Сослушувањето доаѓа во време кога и двете политички партии во САД притискаат целосно да се забрани кинеската апликација, поради загриженост за националната безбедност. Ова е прво појавување пред американските...

Извршниот директор на ТикТок денеска ќе биде сослушан во американскиот Конгрес

Извршниот директор на ТикТок, Шоу Зи Чју денеска за првпат ќе сведочи во Конгресот на САД и ќе се соочи со американските законодавци. Политичката бура околу видео платформата се интензивира, а ТикТок се соочува со закана од администрацијата на Бајден дека ќе биде целосно забранета на територијата на САД. ТикТок, која е во сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“, долго време...

Британските министри добија забрана да користат ТикТок на службените телефони

На министрите во британската влада на нивните службени телефони и уреди, од безбедносни причини им е забрането да ја користат апликацијата за видеа ТикТок која е во кинеска сопственост. Владата стравува дека кинеските власти можат да имаат пристап до чувствителни информации што се чуваат на уредите, јави Би-Би-Си. Британскиот државен секретар за дигитализација, култура, медиуми и спорт, Оливер Дауден рече...

Руската амбасада во Скопје – главниот дипломатски интернет спамер во С. Македонија

Руската амбасада во Скопје е рекордер според бројот на постови на Фејсбук. Земјава е на врвот на интересот на Кремљ во регионот, повеќе постови има само во Романија. Хибридната војна врз Северна Македонија од руските тајни служби е реалност, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Руската амбасада во Скопје, во изминативе две години постирала висока бројка ...

ТикТок повторно се соочува со забрана во САД ако кинескиот удел не биде продаден

Американската влада вели дека платформата за видеа ТикТок треба да се продаде или во спротивно да се соочи со можна забрана во целата земја. Апликацијата која е во сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“ е обвинета дека претставува ризик за националната безбедност преку податоците собрани од милиони корисници. За барањето за промена на сопственоста прв објави „Волстрит Журнал“, додека од ТикТок...

„Мета“ гради нова социјална мрежа како ривал на Твитер

Матичната компанија на Инстаграм и Фејсбук, „Мета“ во моментов работи на изградба на нова самостојна платформа за споделување на текст, потврдиле од технолошкиот гигант за Си-ен-ен. Доколку лансира таква платформа, новата социјална мрежа ќе биде главен ривал на Твитер, која „пропаѓа“ под раководството на Илон Маск. Апликацијата која ќе биде слична на Твитер ќе ѝ овозможи на „Мета“ да го искористи...

ТикТок го лансира проектот „Детелина“ за да ги ублажи стравувањата дека споделува податоци со Кина

ТикТок воведува нови безбедносни мерки за да ја намали загриженоста околу споделувањето на податоците на корисниците со властите во Кина. Проектот „Детелина“ (Project Clover) предвидува посебна безбедносна компанија да го надгледува „протокот на податоци“, а ТикТок ќе го отежни идентификувањето на индивидуалните корисници преку податоците, јавува Би-би-си. Преку таканаречени „безбедносни порти“ ќе биде додаден дополнителен слој на контрола врз пристапот на...

ТикТок воведува временско ограничување од еден час дневно за малолетниците

Апликацијата за видеа ТикТок поставува дневно ограничување од 60 минути на времето поминато на екранот за корисниците помлади од 18 години. Доколку малолетниците ја достигнат границата, ќе мора одново да внесат лозинка за да продолжат да ја користат услугата истиот ден. Според Би-би-си, функцијата ќе биде воведена во текот на наредните недели, а младите, сепак, ќе имаат можност да ја...

Нови отпуштања во Твитер, меѓу нив и на директорка што спиела во канцеларија поради премногу работа

Една од директорите во Твитер која минатата година објави фотографија на која се гледа како спие на подот во една од канцелариите поради долгите часови работа, е меѓу последните отпуштени од компанијата која е во сопственост на Илон Маск, пренесе „Хил“. Њујорк Тајмс во неделата објави дека Твитер викендов отпуштил уште околу 200 вработени – приближно 10 отсто од...

Снепчет го објави својот чет-бот базиран на ChatGPT, наречен „My AI“

Снепчет воведува чет-бот напојуван од најновата верзија на ChatGPT на компанијата „Опен АИ“. Според извршниот директор на Снепчет, Еван Шпигел, чет-ботовите со вештачка интелигенција (ВИ) во голема мера ќе станат дел од секојдневниот живот на голем број луѓе, пишува „Врџ“. Наречен „My AI“ (Моја ВИ), ботот на Снеп ќе биде прикачен во делот на опцијата за разговор на апликацијата. За...

И Канада го забрани ТикТок на уредите во сопственост на владата

Почнувајќи од денес, Канада ја забранува апликацијата за видеа ТикТок на сите уреди издадени од страна на владата, јави Би-би-си. Со оваа одлука Канада им се придружи на Соединетите Американски Држави и Европската комисија во преземањето чекори поради загриженоста околу располагањето со податоците на корисниците на апликацијата што е во сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“. Владиниот портпарол соопшти дека одлуката...

Ковачевски: Во иднина ќе се размислува за регулирање на социјалните мрежи

Согласно стратегиите за дигитализација и за медиуми, во иднина ќе се размислува за регулирање на социјалните мрежи и нивното користење со цел унапредување на општеството, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање за тоа дали се планира преземање на мерки за блокирање на апликацијата ТикТок од безбедносни причини за корисниците. Во својот одговор премиерот Ковачевски кој беше...

Во новата епизода на „Шорткат“ ги разоткриваме дезинформациите околу војната во Украина

Најраспространетите митови и дезинформации што изминатава година ја следеа руската агресија врз Украина се главна тема во новата епизода од „Зошто (не) е така“, а од која дел ќе емитуваме во вечерашното, 74-то по ред издание на вестите за млади „Шорткат“. За митовите и дезинформациите за војната во Украина зборуваат новинарки и познавачи на темата. Во новата епизода на „Шорткат“...

Европската комисија им забрани на вработените да користат ТикТок

Вработените во Европската комисија добиле наредба да ја отстранат апликацијата ТикТок од своите мобилни телефони и сите службени уреди. Од Комисијата велат дека мерката се спроведува заради „заштита на податоците и зголемување на сајбер безбедноста“, јави Би-би-си. ТикТок, кој е во сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“ се соочува со обвинувања дека ги собира податоците на корисниците и ги предава на...

Инстаграм, ТикТок, Фејсбук и Твитер со нови правила на ЕУ за објава на „токсични“ содржини

Инстаграм, ТикТок, Фејсбук и Твитер потврдија дека ќе подлежат на строгите правила што ги предвидува законот на Европската Унија (ЕУ) за модерирање на содржините. Според Законот за дигитални услуги (Digital Services Act), платформите имаат рок до  петок на полноќ да ги известат европските регулатори колку Европејци ги користат нивните услуги, пренесува „Политико“. Платформите и пребарувачите со над 45 милиони корисници...

Корисниците на Инстаграм и Фејсбук ќе може да платат за верификација на нивните профили

Корисниците на Инстаграм и Фејсбук сега ќе може да плаќаат за да ја добијат сината ознака за верификација, соопшти компанијата „Мета“, а пренесе Би-би-си. Услугата „Meta Verified“ ќе чини 12 долари месечно на веб и 15 долари за корисниците на мобилниот телефон „Ајфон“. Услугата неделава ќе стане достапна во Австралија и Нов Зеланд, а според извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, овој...

Франција планира да ги забрани Инстаграм, ТикТок и Снепчет за деца под 15 години

Француските пратеници минатата недела усвоија нацрт-закон со кој се бара платформите за социјални медиуми како Инстаграм, ТикТок и Снепчет да го блокираат пристапот за малолетници под 15 години, освен ако немаат овластување, односно дозвола од нивните родители, пренесува „Политико“. Во спротивно, технолошките гиганти ќе се соочат со казни до 1 отсто од нивните годишни глобални приходи. Техничките решенија со кои...

Јавноста огорчена од Латас и исмевањето на насилството врз жените во емисијата на јутјуберот Лазаров

Лавина реакции на социјалните мрежи по објавената емисија на Јутјуб каналот на Стефан Лазаров во која гостуваше Драган Павловиќ – Латас и во која, како што прв реагираше Хелсиншкиот комитет за човекови права, се нормализира културата на насилство. Од Хелсиншкиот комитет реагираат дека во интервјуто објавено во вторникот вечерта, Латас споделува дека тој и неколку другари на 15-годишна возраст злоставувале...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...