fbpx
Таг: социјални мрежи

таг: социјални мрежи

Илон Маск нашол заменичка што ќе го води Твитер

Илон Маск вели дека нашол нова извршна директорка што ќе го води Твитер. Тој веста ја објави на оваа социјална мрежа, која ја купи минатата година за 44 милијарди долари. Маск не го именуваше новиот шеф на платформата, но рече дека „таа“ ќе почне со работа за шест недели, а тој пак ќе стане извршен претседател и главен директор за...

Ковачевски: Претстои период на анализи во однос на регулацијата на социјалните мрежи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека пред институциите на нашата држава претстои период на анализи и на подготовка на регулативи и на регулација на користењето на социјалните мрежи, како и на содржините кои се споделуваат на нив. Тој рече дека во време на интензивни комуникации, во време кога младите, но и повозрасните користат голем број социјални мрежи, дел од содржините...

Приведен средношколец од Штип, се заканувал на Инстаграм

Штипската полиција привела ученик од гимназијата „Славчо Стојменски" откако тој вчера на социјалната платформа Инстаграм објавил заканувачка порака. СВР Штип потврди дека 18-годишниот Б.Д. е приведен и дека е информиран јавен обвинител. Според соопштението на СВР Штип, се преземаат мерки за расчистување на случајот. Директорот на училиштето, Марјан Арсов, за медумите изјави дека училишните служби разговарале со ученикот и со неговите...

Шорткат: Треба ли да се забрани ТикТок во земјава?

Немилите настани во Србија повторно го вклучија алармот за начинот на кој младите ги користат социјалните мрежи. Во Македонија беше предложена дури и забрана или ограничување на социјалната мрежа ТикТок, а конкретни одлуки засега нема. Што мислат за овој предлог младинските организации во земјава, дознајте во новата епизода на Шорткат. Во новите вести за млади информираме и за кампањата на...

ИТ експерт: Во земјава може да се забрани ТикТок, но до него може да се пристапи и на други начини

Поттикнати од неодамнешната трагедија во Србија, властите во Северна Македонија излегоа со предлози и изјави за забрана или ограничување на социјалната мрежа TикТок во Северна Македонија. Меѓутоа, конкретни одлуки за ова сè уште нема. За тоа дали TикТок може да се забрани во земјава и на кои начини може да се направи тоа, Порталб.мк разговараше со експертот за информатичка...

Граѓанскиот сектор скептичен за реализирање на најавената забрана на ТикТок

Граѓанското општество во земјава е скептично во врска со најавената забрана на социјалната мрежа ТикТок од страна на властите. Актерите на граѓанското општество со кои разговараше Порталб.мк велат дека таква забрана е тешко изводлива. Тие велат дека е потребна едукација и превентивни мерки од страна на властите за можните опасности. Сојузот на средношколци има резерви во врска со спроведувањето на...

Како ТикТок следел британска новинарка преку сметката на нејзиниот мачор?

Два дена пред Божиќ, ТикТок ја побарал лондонската новинарка Кристина Кридл за да ѝ соопшти оти двајца вработени во Кина и двајца во САД ги разгледувале податоците од нејзината лична корисничка сметка на платформата без нејзино знаење или согласност. Тоа што ѝ се случило на дописничката за технологија на Фајненшл Тајмс, всушност, е она што ТикТок и нејзината матична...

Алиу: Социјалните мрежи треба да почнат да се регулираат

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во моментов не може да заземе став за забрана на било која социјална платформа (Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Тик Ток и сл.), но и како родител смета дека социјалните платформи како феномен на цивилизацијата на нашето време треба да почнат да се регулираат. Во јавноста од неколку извори деновиве се споменува иницијативата за...

Според Твитер, починатите Мајкл Џексон и Коби Брајант плаќаат 8 долари месечно за претплата на „Твитер Блу“

Откако извршниот директор на Твитер, Илон Маск го исполни ветувањето дека од април ќе ги отстрани сините беџови за верификација од профилите на корисниците што нема да платат, голем број познати личности повторно почнаа да ги добиваат беџовите на своите сметки – а меѓу нив, како што пишува „Врџ“, се и починати лица. Минатата недела Твитер започна да ги отстранува...

Твитер ги врати сините ознаки на дел влијателни медиуми, познати личности и компании

Сината ознака, некогаш бесплатен симбол на автентичност на познати личности и компании, сега треба да се плаќа по осум долари месечно. Сопствениците на акаунти кои не се претплатиле и имале сина ознака ја изгубиле во четвртокот, бидејќи сопственикот Илон Маск имплементирал стратегија наречена „Твитер Блу“. „Само мал дел од корисниците означени со сини ознаки се претплатени - помалку од пет...

Не можат да се тргнат од екраните – депресијата и анксиозноста кај младите доаѓа од злоупотребата на социјалните мрежи

„Tik Tok “ скандалот во тетовската болница уште еднаш го вклучи алармот за тоа како и за што се користат социјалните мрежи во време кога дигитализацијата се развива со брзо темпо. Најмногу загрижува тоа какви слики гледаат на оваа социјална мрежа младите и децата, кои се поранливи на последиците што може да ги донесе употребата на истата. За тоа...

Твитер започна со селективно одземање на сините ознаки за корисниците што не платиле

Социјалната мрежа Твитер вчера започна со отстранување на некогаш посакуваниот син беџ од илјадници кориснички сметки. Овој потег доаѓа додека сопственикот – милијардерот Илон Маск се обидува да ги промени правилата на компанијата за да оствари профит. Корисниците што пред преземањето на Твитер од Маск го имаат добиено синиот беџ со кој нивниот идентитет на платформата бил верификуван, доколку сакаат...

По интервјуто со Маск, Би-би-си според Твитер повеќе не е „медиум финансиран од владата“

Твитер ја промени ознаката на главниот профил на британскиот радиодифузер Би-би-си, овој пат означувајќи го како „јавно финансиран медиум“ (Publicly funded media), наместо „медиум финансиран од владата“ (Government funded media) – етикета која му ја додели во неделата за што радиодифузерот се спротивстави. Би-би-си на крајот од минатата седмица ја оспори доделената етикета од Твитер кој е во сопственост на...

Твитер повеќе не постои како компанија, се спои со „Екс Корп“

Твитер повеќе не постои како ентитет, откако „Твитер, Инк“ (Twitter, Inc.) се споила со „Екс Корп“ (X Corp.) корпорацијата, според судската пријава за промена на името поднесена во Калифорнија, САД. „Техкранч“ јавува дека бидејќи Твитер повеќе не е јавна компанија, не мора да пријавува ажурирања како промена на името, но новото име било забележано во документ од 4 април кој...

Твитер го означи Би-Би-Си како „медиум финансиран од владата“

Британскиот радиодифузер Би-Би-Си реагира на етикетирањето што го доби на својот главен профил на Твитер, каде е опишан како „медиум финансиран од владата“. Корпорацијата стапила во контакт со гигантот за социјални мрежи за да го реши проблемот што поскоро. „Би-Би-Си е, и отсекогаш бил независен. Ние сме финансирани од британската јавност преку надоместокот за лиценца“, велат од Британската радиодифузна корпорација, Би-Би-Си. Илон...

ДЕБАТА: Без технологија не можеме, прашањето е како ги користиме социјалните мрежи

Самите треба да го исфилтрираме околниот свет во интернетот со кој комуницираме, а на лично ниво треба да создадеме сила за да се бориме против сите темни страни на социјалните мрежи. На нив треба да гледаме како на алатки зад кои стојат луѓе, кои мрачните работи ги вршеле и пред појавата на социјалните мрежи, само што тогаш не сме...

„Шорткат“: Зошто младите лекари си заминуваат од Македонија?

Зошто младите лекари својата иднина ја гледаат надвор од границите на земјава и како да ги задржиме тука? Ова се главните прашања на кои ќе се обидеме да дадеме одговор во новата епизода на „Шорткат“. На оваа важна тема разговараме со доктор Божидар Кочоски, претседател на Асоцијацијата за специјализанти и млади лекари. Во неделните вести за млади информираме за најавата...

Само корисниците што плаќаат 8 долари месечно ќе можат да гласаат на анкети на Твитер

Нови промени на платената функција на Твитер, наречена Твитер Блу (Twitter Blue), најавува шефот на компанијата - милијардерот Илон Маск. Почнувајќи од 15 април, само корисниците што платиле за син беџ и имаат верификувани сметки ќе можат да гласаат на анкетите на оваа социјална мрежа. Според новата политика, само твитовите објавени од верификуваните профили ќе им бидат прикажувани како „препорачани“...

Дебата за млади „Мрачната страна на социјалните медиуми“ на 5 април во „Јавна соба“

Следната среда, на 5 април, во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи дебатата за млади „Мрачната страна на социјалните медиуми – коегзистирање со доброто и злото“, во организација на Фондацијата Метаморфозис. Главна тема на настанот ќе бидат социјалните мрежи, со фокус на нивната „темна страна“ и негативните ефекти што ги имаат врз корисниците на Интернет - друштвена изолација, сајбер...

Твитер сега вреди помалку од половина од она што Маск го плати за компанијата

Твитер вреди помалку од половина од она што Илон Маск го плати за платформата пред шест месеци, според пресметките засновани на протечениот меморандум испратен од милијардерот до вработени во компанијата. Според напишаното од Маск во меморандумот, платформата за социјални медиуми сега се проценува на помалку од 20 милијарди долари, јавува „Гардијан“. Во октомври минатата година, за да го купи Твитер, Маск...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...