ТикТок повторно се соочува со забрана во САД ако кинескиот удел не биде продаден

Забраната на ТикТок во САД за првпат беше спомената во времето на поранешниот претседател Доналд Трамп во 2020 година.

фото: Solen Feyissa на Unsplash

Американската влада вели дека платформата за видеа ТикТок треба да се продаде или во спротивно да се соочи со можна забрана во целата земја. Апликацијата која е во сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“ е обвинета дека претставува ризик за националната безбедност преку податоците собрани од милиони корисници.

За барањето за промена на сопственоста прв објави „Волстрит Журнал“, додека од ТикТок ја потврдиле информацијата и за Би-би-си.

Од ТикТок велат дека присилната продажба нема да го промени текот или пристапот до податоците и дека ако целта е заштита на националната безбедност, тогаш најдобар начин е воведување на транспарентна заштита преку системи базирани во САД.

„Волстрит Журнал“ објави дека Комитетот за странски инвестиции во САД, кој ги надгледува ризиците за националната безбедност, едногласно препорачал отстапување на ТикТок од кинеската компанија „БајтДенс“.

Властите во САД со години изразуваат загриженост дека податоците од популарната апликација за видеа би можеле да паднат во рацете на кинеската влада. Забраната на ТикТок за првпат беше спомената во времето на поранешниот претседател Доналд Трамп во 2020 година.

Ваквиот развој на настаните се случува неколку недели откако беше најавено ново законодавство кое ќе ги прошири овластувањата на американскиот претседател да забранува технологија во странска сопственост, како што е случајот со ТикТок, на национално ниво.

ТикТок е забранет на уредите на телефоните во државна сопственост во САД, Канада, како и во Европската комисија.

ТикТок го лансира проектот „Детелина“ за да ги ублажи стравувањата дека споделува податоци со Кина