fbpx
Таг: руска агресија

таг: руска агресија

Меѓународниот кривичен суд ги отвора првите случаи за злосторства од руски војници

Меѓународниот кривичен суд ќе ги издаде првите налози за апсење поврзани со два случаи отворени за воени злосторства извршени во Украина, пишува Гардијан. Станува збор за случаи за киднапирање на украински деца и таргетирање на цивилна инфраструктура во војната од страна на руски граѓани. Весникот „Њујорк тајмс“ и „Ројтерс“ објавија дека обвинителот Карим Кан ќе побара од судиите на претходна...

Борбите во Бахмут се интензивираат, бројот на загинати војници расте

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање изјави дека изминативе денови биле убиени над 1.000 руски војници, додека 1.500 биле ранети, пренесува весникот Гардијан. Тој изјави дека почнувајќи од 6 март, украинските сили успеале да убијат повеќе од 1.100 непријателски војници само во секторот Бахмут. Овие податоци не можат да се проверат од независни извори. Сепак, последните податоци на британското...

Бројот на загинати од вчерашните руски воздушни напади се искачи на 11

Во руските воздушни напади што се случија вчера во Украина загинаа најмалку 11 лица, објави британското Министерство за одбрана. Украинските власти соопштија дека 81 проектил бил истрелан од руските сили кон десетина украински региони во западна, централна, јужна и источна Украина, пренесува Гардијан. Најголем дел од жртвите, шест загинати лица, се од регионот Лвив во западниот дел на земјата....

Руски воздушни напади во Украина, најмалку шест загинати цивили

Русија изврши нови воздушни напади врз Украина, во кои најмалку пет цивили го загубија животот, пренесува Би-би-си. Цивилните жртви се од градот Лвив во западна Украина, каде руска ракета погодила дом, напиша гувернерот на регионот Лвив, Максим Козицки. Во регионот Днипропетровск најмалку едно лице загинало, а две се повредени по руските ракетни напади во кои биле користени камиказе-дронови и...

Остри реакции за снимката од убиството на невооружен украински војник

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе ги најдат убијците на невооружениот украински војник, кој беше убиен во заробеништво единствено поради изговарање „Слава на Украина“, пренесува Јуроњуз. Украинскиот главен обвинител најави кривична истрага, откако по социјалните мрежи во понеделникот се појави видео од униформиран украински војник како стои и пуши во близина на разурнатиот град Бахмут. Војникот извикува „Слава на...

Зеленски: Ако падне Бахмут, Русија ќе може слободно да освои други градови

Руските сили ќе имаат можност да ги освојат клучните градови во источна Украина доколку ја преземат контролата врз градот Бахмут, предупредува украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Си-ен-ен. Ова е причината со која Зеленски ја брани својата одлука да ги задржи украинските сили во опколениот град лоциран во Донецкиот регион. „Разбираме дека по Бахмут тие би можеле да одат...

Зеленски испраќа засилување за војниците што се борат во Бахмут

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека наредил засилување на позициите во градот Бахмут, објаснувајќи дека не постои дел од Украина што може да биде напуштен, пренесува Си-ен-ен. Претседателот рече дека ја донел одлуката по консултација со украинската војска. „Му реков на началникот на Генералштабот да најде соодветни сили за да им помогне на момците во Бахмут. Не постои таков дел...

Борбите во Бахмут продолжуваат, рускиот министер Шојгу трет ден во Украина

Украинската војска можно е да реализира ограничено повлекување на своите сили од Бахмут, пишува во најновиот извештај на Институтот за проучување на војната. Американскиот тинк-тенк велат дека е прерано да се каже кои се намерите на Украина во однос на овој град во Донецкиот регион, но сепак возможно е украинските сили да целат кон постепено повлекување од Бахмут за...

Улични борби во Бахмут, беснее битка за контрола на градот

Руските и украинските сили се борат на улиците на Бахмут кој се наоѓа во Донецкиот регион во источниот дел на Украина, но Русија не го контролира градот, изјави заменик-градоначалникот на Бахмут, Олександр Марченко за Би-би-си. Во градот со месеци се водат борби, додека Русија се обидува да ја преземе контролата. Заземањето на Бахмут би било редок успех на бојното поле во...

Бахмут пред опколување, Русија го крена во воздух последниот мост за снабдување на градот

Руските сили изминатата ноќ го кренале во воздух клучниот мост што го поврзувал Бахмут со соседното село Хромове. Преку мостот, Бахмут, кој се наоѓа во Донецкиот регион, се снабдувал со храна, муниција и служел за извлекување на жителите на градот на безбедно, соопшти украинската полиција, пренесува Си-ен-ен. Украинските воени сили имаат пристап до Бахмут преку земјени патишта. Си-ен-ен информира дека...

Руска ракета заврши во станбена зграда во Запорижја, најмалку четворица загинаа

Најмалку четворица цивили загинаа, а осум се повредени откако руските сили изминатава ноќ погодија станбена зграда во градот Запорижја, пренесува Укринформ. Објектот бил погоден со ракети од систем за противвоздушна одбрана С-300, при што истиот бил делумно срушен, а настрадале и околни згради и автомобили. Украинското обвинителство во Запорижја отвори истрага за извршениот ракетен напад. Цивилни жртви во изминатово деноноќие...

Во Молдавија нов антивладин протест, Украина можеби ќе се повлече од Бахмут

Нов антивладин протест во Молдавија вчера се одржа во главниот град Кишињев, кој беше организиран од проруската партија „Шор“ и самопрогласената група „Движење за народот“, јавува Асошиејтед прес (АП). Илјадници демонстранти излегоа на улиците, барајќи од новата прозападна влада целосно да ги субвенционира зимските сметки за струја и „да не ја вовлекува земјата во војна“. АП пренесува дека протестот во...

Нов руски напад со дронови во Украина, еден загинат и четворица повредени во Хмелницки

Русија во текот на ноќта изврши нов напад со камикази-дронови на Украина, при што во градот Хмелницки во централниот дел на земјата едно лице загина, а четворица се повредени, пренесува Укринформ. Во Хмелницки имало три експлозии како резултат на нападот со дронови. Генералштабот на украинската армија информира дека ноќта меѓу 26 и 27 февруари биле лансирани 14 дронови од иранско...

Украина предупредува на зголемен број руски воени бродови во Црното море

Украинската војска соопшти дека Русија во петокот го удвоила бројот на  воени бродови што се на активна должност во Црното Море и предвидува дека ова може да биде подготовка за повеќе ракетни напади, пренесува Гардијан. Руската морнарица редовно лансира проектили од својата Црноморска флота како дел од напорите на Москва да ги таргетира украинската критична инфраструктура и постројки за производство...

Сојузот на средношколци со Резолуција изрази солидарност и бара акција за војната во Украина

По повод одбележувањето на годишнината откако Русија ја започна воената агресија против Украина, Сојузот на средношколци, заедно со Делегацијата на Европската Унија, вчера го одржаа настанот „Интеграција на учениците и студентите бегалци во образовниот систем“, на кој се дискутираше за влијанието на војната врз украинското културно наследство и образовен систем, информираат од Сојузот на средношколци. Настанот го отворија шефот на...

Украинците од центарот на Скопје порачаа: „Русија е терористичка држава“

Држејќи долг банер со натпис „Русија е терористичка држава“ и многу знамиња и цвеќе во сино жолта боја, Украинците од центарот на Скопје им оддадоа почит на нивните сонародници кои веќе една година ги жртвуваат животите за спас на татковината. Тие изразија и голема благодарност за хуманитарната помош и за поддршката од Северна Македонија кон украинскиот народ. „Денеска ние, Украинците,...

Руски раце натопени во крв: Една година од почетокот на воената инвазија врз Украина

Како последица на руската агресија врз Украина, повеќе од 8 милиони Украинци биле приморани да ја напуштат својата земја, додека дополнителни 5,3 милиони жители на Украина се водат како внатрешно раселени лица во земјата. Дополнително, Украина веќе подолг период ја обвинува Русија за присилно раселување на украински жители во Русија од териториите окупирани од нејзина страна

Русија ја обвинува Украина дека ќе го нападне отцепениот регион Транснистрија

Руското Министерство за одбрана денеска ја обвини Украина дека планира да го нападне отцепениот молдавски регион Транснистрија (Придњестровје), кој се граничи со Украина, пренесува Гардијан. Руските државни медиуми објавуваат дека Украина наводно планирала да организира лажен напад од руските сили што се лоцирани во Транснистрија како изговор за инвазијата. Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин изјави дека „Западот ѝ...

Министерката за одбрана Петровска е во Украина во знак на поддршка на украинскиот народ

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово пристигна во Украина, во знак на поддршка на украинското лидерство и украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и зачувување на својот суверенитет. Како што соопштија од нејзиниот кабинет, таа во Украина при средбите со претставници на официјален Киев ќе го пренесе ставот кој Северна Македонија го има од почетокот на...

Путин го отповика указот за поддршка на суверенитетот на Молдавија во спорот со Транснистрија

Рускиот претседател Владимир Путин го отповика указот од 2012 година, со кој Русија делумно го поддржа суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на отцепениот проруски регион Транснистрија (Придњестровје), пишува Јуроактив. Рускиот указ беше донесен во период кога официјална Москва презеде чекори за да ги затопли односите со САД и ЕУ. Одлуката на Путин за отповикување на указот од 2012...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...