fbpx

Зеленски испраќа засилување за војниците што се борат во Бахмут

Украинскиот претседател додаде дека Украина ќе ја брани секоја педа од својата земја

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека наредил засилување на позициите во градот Бахмут, објаснувајќи дека не постои дел од Украина што може да биде напуштен, пренесува Си-ен-ен. Претседателот рече дека ја донел одлуката по консултација со украинската војска.

„Му реков на началникот на Генералштабот да најде соодветни сили за да им помогне на момците во Бахмут. Не постои таков дел од Украина што може да се напушти“, рече Зеленски.

Зеленски во своето обраќање се осврна на гласините за повлекување на Украина од источниот град, нарекувајќи ги како „дезинформациски пораки“, кои доаѓаат од оние кои немале пристап до доверливите брифинзи за донесување одлуки.

Претседателот Зеленски додаде дека Украина ќе ја брани секоја педа од својата земја.

Инаку, жестоките борби во овој град од Донецкиот регион продолжуваат, а разузнавањето на НАТО проценува дека за секој убиен украински војник бранејќи го Бахмут, руските сили изгубиле најмалку пет, изјави за Си-Ен-Ен воен претставник на Северноатлантската алијанса.

Службеникот предупредува дека ваквиот сооднос на загубите во војници претставува информирана проценка заснована на разузнавачки информации. И покрај поволниот сооднос, тие исто така рекоа дека Украина трпи значителни загуби бранејќи го градот.

Украинските власти постојано тврдеа дека и нанесуваат големи загуби на Русија, додека Москва се обидува да го преземе Бахмут.

„Нашите бранители му нанесоа значителни загуби на непријателот, уништија голем број возила, ги принудија најдобрите јуришни единици на Вагнер да се борат и го намалија офанзивниот потенцијал на непријателот“, рече генерал-полковник Олександр Сирски, командант на копнените сили на Украина, по посетата на Бахмут во неделата.

Како последица на воените дејствија, во Донецкиот регион во изминатово деноноќие загинало едно лице, а седум цивили биле повредени, пренесува Укринформ.

МОН: Запишувањето вонредни ученици во медицинските училишта се става во мирување

Сите јавни средни училишта во државата кои имаат добиено верификација за изведување на настава од здравствена струка се известени дека запишувањето на вонредни ученици се става во мирување, почнувајќи...
Free Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
free online course
download micromax firmware
Premium WordPress Themes Download
free online course