fbpx

Бројот на загинати од вчерашните руски воздушни напади се искачи на 11

Покрај критична инфраструктура, од цела Украина пристигнаа извештаи за погодени станбени згради, автомобили и други невоени објекти

-

Во руските воздушни напади што се случија вчера во Украина загинаа најмалку 11 лица, објави британското Министерство за одбрана. Украинските власти соопштија дека 81 проектил бил истрелан од руските сили кон десетина украински региони во западна, централна, јужна и источна Украина, пренесува Гардијан. Најголем дел од жртвите, шест загинати лица, се од регионот Лвив во западниот дел на земјата. Покрај критична инфраструктура, погодени биле станбени згради, автомобили и други невоени објекти.

„Најмалку четворица цивили загинале во најновите ракетни напади што руските сили ги извршиле во изминативе 24 часа во Херсонскиот регион. Во ракетните напади во Днипропетровскиот регион биле погодени населените места Никопол и Покровске. Руските сили погодиле енергетска инфраструктура, фабрики и куќи, но нема информации за загинати лица“, јавува Укринформ.

Американскиот Институт за проучување на војната во најновиот извештај пишува дека силите на платеничката војска Вагнер во Бахмут се одлучиле за „тактичка пауза“ во борбите за овој град во Донецкиот регион. Од овој тинк-тенк сугерираат дека силите на Вагнер чекаат дополнително засилување пред да настапи најжестокиот дел од борбите за целосна окупација на Бахмут, пренесува Гардијан.

По вчерашното исклучување на последниот далновод што ја поврзува нуклеарната електрана во Запорижја со украинскиот електроенергетски систем, реакција пристигна од Меѓународната агенција за атомска енергија при Обединетите нации. Нејзиниот шеф, Рафаел Гроси изјави дека ваков сериозен инцидент не се случува првпат во оваа нуклеарна електрана и е исклучително опасен, земајќи предвид дека објектот во моментов се напојува со струја од дизел генератори, пренесува Гардијан.

Укринформ пишува дека земјите-членки на ЕУ и уште 10 делегации вклучени во бордот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија побарале од Русија веднаш да ја повлече својата воена опрема од нуклеарната централа во Запорижја, заедно со доведениот персонал од руската компанија Росатом. Тие ја повикаа Русија да ја врати на Украина целосната контрола врз оваа нуклеарна централа.

Покрај земјите-членки на ЕУ, кон заедничката изјава се приклучија и делегациите на Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина.

„Досега можеше да се избегне нуклеарна несреќа со сите нејзини радиолошки последици, најмногу благодарение на издржливоста и посветеноста на украинскиот оперативен персонал. Руската Федерација мора да престане да врши притисок врз украинскиот персонал. Тие работат во сè помал број и под голем стрес за одржување на безбедноста и безбедноста на запоришката нуклеарна централа“, се наведува во заедничката изјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...