петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: нуклеарна електрана | 21 резултати

Ракетирањата продолжуваат, мисијата на ОН пристигна во нуклеарната електрана во Запорижја

август 31, 2022

Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) при ОН денеска пристигна во окупираниот град Енергодар, во чија близина се наоѓа нуклеарната електрана Запорижја (Запорожје), јавува Укринформ. Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси денеска изјави дека нивната мисија ќе трае неколку дена, иако руските власти кои ја имаат окупирано електраната, претходно рекоа дека мисијата ќе трае […]

Украина ја започна контраофанзивата против руските сили на југот на земјата

август 29, 2022

Украинските сили ја започнаа контраофанзивата на окупираните територии од руските сили на југот на земјата, јавува Ројтерс. Светската агенција посочува дека Украина зборува за контраофанзива на југот на Украина веќе два месеци, додека паралелно речиси секојдневно ракетираше позиции на руската војска и инфраструктурни објекти на окупираните територии. „Денеска ние започнавме офанзивни дејствија во повеќе правци, […]

Во нуклеарната електрана во Запорожје за малку избегната катастрофа

август 26, 2022

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Мариано Гроси побара ургентен пристап на експертска мисија од МААЕ во нуклеарната електрана во Запорожје, која што се наоѓа под окупација на руските сили. Овој стратешки објект во текот на вчерашниот ден на два пати остана без електрична енергија за да можат да работат нуклеарните […]

Од почетокот на руската агресија, во Украина биле погодени над 22.000 цивилни објекти

август 15, 2022

Од 24 февруари како почеток на руската агресија врз Украина до денес, руските сили погодиле над 22.000 цивилни објекти низ целата земја, информираше првиот заменик-министер за внатрешни работи на Украина, Јевхениј Јенин, пренесува Укринформ. Руските сили оштетиле или уништиле само околу 300 воени објекти во изминатиов период. Јенин вели дека руските ракети летаат над нуклеарни […]

Во руското гранатирање на Никопол загинаа најмалку 13 лица

август 10, 2022

Во синоќешното гранатирање на градот Никопол во Днипропетровскиот регион загинаа најмалку 13 лица, а најмалку 11 цивили се повредени, јавува Укринформ. Погодени се станбени населби во градот, лоциран од десната страна на реката Дњепар. Руските сили, кои се наоѓаат на левата страна на реката во регионот Запорожје, истрелале 80 ракети и погодиле 20 станбени згради, […]

ОН бара пристап за инспектори во нуклеарната електрана во Запорожје, борбите продолжуваат

август 8, 2022

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш упати апел на меѓународните инспектори да им биде овозможен пристап во нуклеарната електрана во Запорожје, која е под руска окупација од изминатава пролет, јавува Гардијан. Гутереш изјави дека било каков напад врз нуклеарната електрана е самоубиствен чин. Гранатирањата од двете страни во конфликтот продолжија и во изминатово […]

Русија продолжува со гранатирањето на украински градови, загинаа најмалку четири лица

август 4, 2022

Руското гранатирање на украински градови продолжи и во текот на изминатово деноноќие, при што во нападите се регистрирани најмалку четири загинати лица. Во Донецкиот регион од ракетирањата загинаа три лица, а најмалку пет цивили се повредени, јавува Укринформ. Со ракети биле погодени градовите Бахмут, Маринка и Шевченко. Гардијан јавува дека Русија со 55 проектили погодила […]

Во Украина загинале 15.000 руски војници, борби се водат за втората по големина термоелектрана во земјата

јули 21, 2022

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Брнс изјави дека проценките на САД се дека од почетокот на воената агресија врз Украина, Русија изгубила околу 15.000 војници, додека околу 45.000 војници биле повредени, пренесува Гардијан. Брнс додаде дека загубите и на украинска страна се големи, но најверојатно како бројка се нешто помали од руската […]

Денеска се одбележуваат 35 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

април 26, 2021

Денеска се одбележуваат 35 години од катастрофата во Чернобил, која беше најтешката цивилна нуклеарна несреќа во историјата на човештвото. Обединетите нации го прогласија 26 април за Меѓународен ден на сеќавање на катастрофата во Чернобил, а овој ден за прв пат беше забележан во 2016 година, по повод 30 годишнината од нуклеарната катастрофа во 1986 година. […]

Земјотресот во Хрватска превентивно го запре работењето на нуклеарката Кршко

декември 29, 2020

Силниот земјотрес што во вторникот ја погоди Хрватска, се почувствува и во Словенија и поради тоа беше превентивно прекинато работењето на нуклеарната централа Кршко, пишува деловниот портал Сибиз.еу (SEE.biz.eu) Земјотресот со јачина од 6,2  степени според Рихтер, во 12 часот и 20 минути го погоди порачјето на Петриње и го затресе остатокот од територијата на […]

Германија донесе закон за напуштање на јагленот како гориво и затворање на нуклеарките

јули 8, 2020

Германскиот парламент донесе закон за напуштање на јагленот како гориво во енергетиката, според кој најдоцна до 2028 година ќе се затворат сите постројки за производство на енергија од јаглен и од други фосилни горива, а нуклеарните електрани би требало да бидат затворени до 2022 година. За поддршка во преодниот период, до остварувањата на ниско или […]

Македонија сака да учествува во изградбата на нуклеарката „Белене“ во Бугарија

август 20, 2019

Државната компанија ЕСМ испратила писмо за намери за учество во проектот за изградба на бугарската нуклеарна централа „Белене“. Информацијата денеска ја изнесе бугарската министерка за енергетика Теменушка Петкова, а новинската агенција МИА преку изјава од македонската влада ја потврди ваквата вест. Како што јавуваат бугарските медиуми, македонското ЕСМ е едно од 13 – те компании […]

Белгија: Убиен чувар на нуклеарна централа, украдена му е пропусницата

март 26, 2016

Едно лице од обезбедувањето на белгиската нуклеарна електрана е убиено во градот Шарлероа, два дена по терористичките напади во Брисел, јавува локалниот весник „Дерниере хојре“. Весникот наведува дека на убиениот му е украдена пропусницата за влез во нуклеарната електрана. Шарлероа се наоѓа на 50 километри од главниотр град на Белгија. Чуварот бил застрелан синоќа, додека […]

Белгиските власти одзедоа пропусници за влез во нуклераните централи

март 25, 2016

Белгиската сојузна агенција за нуклеарен надзор на дел од вработените привремено им ги одзеде пропусниците за влез во нуклеарните електрани поради опасноста дека овие објекти може да бидат мета на терористи. Портпаролката на агенцијата, Неле Ширлинцк, денеска изјави дека „во последните неколку дена на одредени лица биле спречени да влезат во нуклеарниот комплекс“. Ширлинцк рече […]

Јапонија: Еруптира вулкан во близина на нуклеарната електрана „Сендаи“

февруари 5, 2016

Јапонскиот вулкан Сакурајима, оддалечен околу 50 километри од нуклеарната електрана „Сендаи“, еруптирал, исфрлајќи пепел два километри во ноќното небо и големи количества лава, но засега нема извештаи за штети во електраната. Поради „експлозивна ерупција“, јапонската метеоролошка агенција објави тревога од највисоко ниво, што значи дека луѓето не смеат да ѝ се приближуваат на планината. – […]

Поради пожар, исклучен нуклеарен реактор во Белгија

декември 19, 2015

Белгиски нуклеарен реактор во електрана на истокот од земјата, е исклучен откако избил пожар во дел од електраната, соопшти енергетската компанија „Електрабел“. Компанијата наведе дека реакторот „тианж 1“, автоматски е исклучен синоќа откако избил пожарот во областа над нуклеарната зона, во погонот за снабдување на фабриката со електрична енергија. Затворањето на реакторот, како што информираше компанијата, […]

Русија ја сопре изградбата на нуклеарна електрана во Турција

декември 9, 2015

Русија ги сопре работата на изградбата на нуклеарната електрана во турскиот град Мерсин. Изградбата на нуклеарната електрана во Мерсин, прв од тој вид во Турција, е стратегиски проект на двете земји, а се смета дека Русија веќе вложила речиси милион долари. Руски „Росатом“ службено ги запре работите, соопшти претставник на турското министерство за енергија. Исто […]

Страна 1 од 1