Во нуклеарната електрана во Запорожје за малку избегната катастрофа

-

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Мариано Гроси побара ургентен пристап на експертска мисија од МААЕ во нуклеарната електрана во Запорожје, која што се наоѓа под окупација на руските сили. Овој стратешки објект во текот на вчерашниот ден на два пати остана без електрична енергија за да можат да работат нуклеарните реактори, пишува Гардијан.

„Не можеме да си дозволиме да губиме повеќе време. Јас сум одлучен лично да ја предводам мисијата на МААЕ во електраната наредните денови“, изјави Гроси за Гардијан.

Во моментов течат преговорите меѓу МААЕ со Украина и Русија за итна посета на нуклеарната електрана во Запорожје, која што треба да се случи до крајот на месецов.

Украинската национална компанија „Енергоатом“ и утрово излезе со информација дека сите шест нуклеарни реактори во Запорожје се исклучени од украинската електроенергетска мрежа, што е резултат на гранатирањето кое предизвикало пожар и ја прекинало последната далноводска врска меѓу нуклеарната електрана во Запорожје и украинската електроенергетска мрежа, прекин што се случува за прв пат во изминативе четири децении, пренесува Гардијан.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирањата на нуклеарната електрана во Запорожје. Украинските власти тврдат дека Русија сака да ја исклучи нуклеарната електрана од украинската мрежа, бидејќи обезбедува над 20 отсто од потребите за енергија на Украина. Ваквиот потег сериозно би ја преоптоварил украинската економија, особено пред почетокот на претстојната зима. Руските власти пак тврдат дека нивни сили ја држат под контрола електраната и е безмислено самите себеси да се нишанат.

Инаку, исклучувањето на нуклеарната електрана од снабдување со електрична енергија се смета за исклучително опасен чин по нуклеарната безбедност. Било каков дефект може да доведе до губење на течноста за ладење и да доведе до топење на горивото во јадрото на реакторот, пишува Радио Слободна Европа на македонски јазик.

Нуклеарната електрана засега има можност за снабдување преку линија со помал напон од блиската термоцентрала во Запорожје, која може да обезбеди резервна електрична енергија за да работат реакторите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до јавноста изјави дека тие ќе сторат сѐ за да не се случи хаварија во нуклеарната електрана во Запорожје, но и дека тоа не зависи единствено од украинската држава. Тој дополни дека руските окупатори мора да се повлечат од територијата на оваа нуклеарна електрана.

Зеленски рече дека по вчерашното исклучување на нуклеарната електрана од снабдувањето со струја, дизел генераторите биле активирани за да се обезбеди електрична енергија за самата нуклеарна електрана.

„Светот мора да разбере каква закана е ова: доколку дизел генераторите не беа вклучени, доколку автоматизацијата и нашиот персонал во електраната не реагираше по прекинот, тогаш ние веќе ќе бевме приморани да се справуваме со последиците од радијациска хаварија“, изјави Зеленски, пренесува Гардијан.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...