Фото-бакнежот на Зеленски и Макрон е монтажа

Вистината е дека станува збор за монтажа од две посебни фотографии каде што украинскиот и францускиот претседател си ги бакнуваат сопругите, пишува Вистиномер

-

Откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, Зеленски стана постојана цел на хомофобични дезинформации во склоп на реториката на Кремљ, која го врамува конфликтот како борба против Западот и западните вредности. Таква е и оваа објава која прикажува монтирана фотографија од наводен бакнеж помеѓу Зеленски и Макрон. Вистината е дека станува збор за монтажа од две посебни фотографии каде што украинскиот и францускиот претседател си ги бакнуваат сопругите, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

На Фејсбук објава споделена е фотографија од украинскиот претседател Волдомир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон како навидум се бакнуваат во уста. Оваа фотографија не е вистинита туку претставува фотомонтажа од две реални, вистинити фотографии.

Потоа ќе ја обвинат Русија 🇷🇺 дека предизвикала светска НУКЛЕАРНА војна,(ако некој преживее).Франција,односно педерчево Микрон ќе испрател војници во Украина доколку дојде до пробив на фронтот,(а ќе дојде) кон Одеса или Киев, изјави Микрон за време на состанокот со партиските лидери.Ќе си поминат бетер од оние на Наполеон Бонапарта,а Микрон ќе се претвори во тоа што е МИКРОН.

Но, оваа фотографија е лажна, односно монтажа. При монтажата се користени две посебни фотографии на кои се гледа како политичарите се бакнуваат со своите сопруги, a не еден со друг.

Обратното пребарување на фотографијата, покажува дека оваа лажна слика за првпат била објавена во септември 2022 година на DeviantArt, веб-страница каде што „уметниците кои се во развој можат да ја изложуваат, промовираат и споделуваат својата работа“.

Што се однесува на фотографијата на Володимир Зеленски, која е вметната до Макрон, таа е направена на 19 април 2019 година, за време на претседателската дебата меѓу Зеленски и Петро Порошенко на Олимпискиот стадион во Киев. Фотографијата го прикажува Зеленски како ја бакнува својата сопруга Олена Зеленска.

Лицето на францускиот претседател Емануел Макрон на монтажата е ископирано од фотографија на која тој се бакнува со сопругата. Оваа слика може да се најде на разни онлајн галерии, како и на Инстаграм. Облеката која и двајцата ја носат на фотографијата со бакнежот упатува на податокот дека таа е снимена во 2016 година кога Макрон ја извршувал функцијата министер за економија. Повеќе фотографии од нив двајца на тој настан може да се видат тукатука и тука.

Ова не е првпат да се прават вакви монтажи со оваа фотографија на Зеленски. Претходно ваква монтажна, со наводно бакнување во уста, беше направена и со вметнување на фотографија на американскиот претседател Џо Бајден.

Откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, Зеленски стана постојана цел на хомофобични дезинформации во склоп на реториката на Кремљ, која го врамува конфликтот како борба против Западот и западните вредности. Претходно Вистиномер дебанкираше фотографија на која наводно се гледа Зеленски на геј парада во Њујорк како и лажно видео на кое наводно се гледа украинскиот претседател како игра стомачен танц.

Франција е важен поддржувач на Украина во нејзините воени напори против инвазивните руски сили. Самиот овој факт е доволен да се засилат лажните објави и визуелните манипулации на социјалните мрежи, помеѓу кои е и објавата која што е предмет на оваа рецензија.

Од сите набројани факти заклучуваме дека оваа објава е невистинита, има изменета содржина односно прикажува монтирана фотографија од наводен бакнеж помеѓу Зеленски и Макрон. Вистината е дека станува збор за монтажа од две посебни фотографии на кои се прикажани украинскиот и францускиот претседател си ги бакнуваат сопругите.

 

hubmk

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски момент“ во...

Мирот во Украина се чини подалечен по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Разговорот што се најавуваше како дипломатски пресврт за претседателот на САД, Доналд Трамп, во обидот да се стави крај на војната во Украина, заврши со уште повеќе прашалници, и за неговата...

Најавена сеча на стотици дрвја во Градски парк – тие се суви или пред сушење, велат експертите

На помалку од шест месеци пред локалните избори во октомври, кога е речиси извесно дека Данела Арсовска ќе ја напушти функцијата градоначалник на Скопје, се отвори нова криза поврзана со зеленилото...

Започна со работа Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) се одржа денеска во Europe House во Скопје и онлајн преку Zoom. Механизмот, воспоставен од Институтот за европска политика (ЕПИ) во...

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски...