Од почетокот на руската агресија, во Украина биле погодени над 22.000 цивилни објекти

-

Од 24 февруари како почеток на руската агресија врз Украина до денес, руските сили погодиле над 22.000 цивилни објекти низ целата земја, информираше првиот заменик-министер за внатрешни работи на Украина, Јевхениј Јенин, пренесува Укринформ. Руските сили оштетиле или уништиле само околу 300 воени објекти во изминатиов период.

Јенин вели дека руските ракети летаат над нуклеарни централи и хемиски фабрики, како и критични инфраструктурни објекти. Покрај тоа што се погодени станбени згради и куќи, руските сили оштетиле или уништиле културно наследство, трговски центри и училишта.

Весникот „Гардијан“ во својата репортажа за безмилосното руско гранатирање го дава примерот на Никопол во Днипропетровскиот регион. Овој град од десната страна на реката Дњепар секојдневно се ракетира од нуклеарната електрана Запорожје и нејзината околина, која се наоѓа на помалку од 10 километри од градот. Русија ја користи нуклеарната електрана за воена база, знаејќи дека украинските сили се оневозможени да дејствуваат по нивните позиции во рамките на овој објект.

Инаку, 42 земји од целиот свет, вклучувајќи ја и Северна Македонија, во заедничка изјава од 12 август за состојбата со нуклеарната електрана Запорожје посочија дека е неприфатливо распоредување на руски воен персонал и опрема во овој објект.

„Ја повикуваме Руската Федерација веднаш да ги повлече воените сили и целиот друг неодобрен персонал од нуклеарната електрана во Запорожје и нејзината околина, како и целата територија на Украина“, се вели во заедничката изјава.

Руското ракетирање на градот Никопол во Днипропетровскиот регион продолжило и во текот на изминатово деноноќие, а со ракети биле погодени и населени места во Донецкиот и Харкивскиот регион. Најмалку тројца цивили загинале во Донецкиот регион во изминативе 24 часа како последица на руското гранатирање, јавува Укринформ.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...