fbpx

Во Украина загинале 15.000 руски војници, борби се водат за втората по големина термоелектрана во земјата

-

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Брнс изјави дека проценките на САД се дека од почетокот на воената агресија врз Украина, Русија изгубила околу 15.000 војници, додека околу 45.000 војници биле повредени, пренесува Гардијан. Брнс додаде дека загубите и на украинска страна се големи, но најверојатно како бројка се нешто помали од руската страна.

Покрај загинати и повредени војници од двете страни, медиумските извештаи јавуваат секојдневно и за цивили кои страдаат во војната. Укринформ јавува за најмалку еден загинат и пет повредени цивили при руското гранатирање на населени места во Донецкиот регион.

Гардијан ги пренесува информациите од Харкив за руското ракетирање на постојки од јавниот превоз во вториот по големина град во Украина. Во денешниот напад загина најмалку едно лице, а 17 цивили се повредени. Јавниот превоз во Харкив и вчера беше мета на напад од руската војска, при што тројца загинале додека чекале автобус на станица. Лондонскиот весник ги пренесува и информациите од властите на самопрогласената Донецка народна република, кои посочуваат дека најмалку две лица загинале и двајца биле повредени во нападите на украинската војска врз населени места кои се наоѓаат под нивна контрола во Донецкиот регион.

Укринформ јавува дека руските сили се обиделе да ја заземат термоелектраната во Вулехирск во Донецката област, која што е втора по големина електрана во Украина. Нападот е одбиен од украинските власти, но британското Министерство за одбрана во својот најнов извештај вели дека руските сили се приближуваат до овој стратешки објект лоциран 50 километри североисточно од Донецк, пренесува Франс 24.

Дописникот на Франс 24 од градот Запорожје во централна Украина јавува за загрижувачката ситуација со најголемата нуклеарна електрана во Европа лоцирана во градот Енергодар, која се наоѓа под руска окупација. Украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом ги обвини руските сили дека побарале од вработените во нуклеарната електрана да им обезбедат пристап до машинските сали на трите реактори за да складираат воена опрема.

Франс 24 јавува дека нуклеарната електрана се наоѓа на самото крајбрежје на реката Дњепар, а од спротивната страна на брегот е градот Никопол кој е под украинска контрола. Руските сили од позициите во близина на електраната го ракетираа градот Никопол изминативе денови, на што украинските сили возвратија. На почетокот од неделава била погодена една од руските позиции во близина на нуклеарната електрана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...