Во руското гранатирање на Никопол загинаа најмалку 13 лица

-

Во синоќешното гранатирање на градот Никопол во Днипропетровскиот регион загинаа најмалку 13 лица, а најмалку 11 цивили се повредени, јавува Укринформ. Погодени се станбени населби во градот, лоциран од десната страна на реката Дњепар. Руските сили, кои се наоѓаат на левата страна на реката во регионот Запорожје, истрелале 80 ракети и погодиле 20 станбени згради, административен центар, две школи, градската административна зграда и други објекти. Од гранатирањето без струја се оставени неколку илјади жители на Марханец.

Во синоќешните гранатирања на предградија на градот Запорожје загинала една жена, три куќи биле уништени, а дополнителни 30 домови биле оштетени, известува Укринформ. Во гранатирањата изминатово деноноќие на градот Миколаив било повредено 13-годишно девојче, додека во Авдивка во Донецкиот регион со повреди се здобило 16-годишно момче, пренесува Укринформ.

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај предупредува дека Русија формира трет армиски корпус од доброволци, кои се сместени во Мулино, областа Нижњи Новгород источно од Москва. Регрутацијата на доброволци се одвива со лица кои имаат возраст до 50 години и од образование минимум средно школо. Типичен руски армиски корпус се состои од 15.000 до 20.000 војници, но на Русија ќе ѝ биде тешко да соберат толкав број на доброволци за војување во Украина, пишува Гардијан.

Инаку, украинската компанија „Енергоатом“ предупредува дека руските сили се подготвуваат окупираната нуклеарна електрана во Запорожје да ја исклучат од украинскиот електропреносен систем и произведената електрична енергија да ја пренасочат кон Крим. Од „Енергоатом“ тврдат дека руските сили досега оштетиле три линии за снабдување со струја кон електраната кои се поврзани со украинскиот систем, а останала да функционира само уште една. Ако се исклучи целосното снабдување со струја на нуклеарната електрана, тогаш безбедноста на овој најголем енергетски капацитет во Европа ќе зависи од дизел генератори и од нивното снабдување со дизел гориво од руските сили, пишува Гардијан.

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани...