Ракетирањата продолжуваат, мисијата на ОН пристигна во нуклеарната електрана во Запорижја

-

Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) при ОН денеска пристигна во окупираниот град Енергодар, во чија близина се наоѓа нуклеарната електрана Запорижја (Запорожје), јавува Укринформ. Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси денеска изјави дека нивната мисија ќе трае неколку дена, иако руските власти кои ја имаат окупирано електраната, претходно рекоа дека мисијата ќе трае само еден ден, пишува Гардијан.

Гроси изјави дека нивната мисија ќе треба да ја утврди реалната состојба во која се наоѓа нуклеарната електрана во Запорижја (Запорожје) и да помогнат да се стабилизира ситуацијата колку што е тоа возможно, за да се обезбеди потребното ниво на нуклеарна безбедност.

„Мисијата ќе трае неколку дена. Доколку сме во можност да воспоставиме постојано присуство или да останеме подолго време, тогаш мисијата би ја продолжиле. Но, овој прв сегмент ќе трае неколку дена“, изјави шефот на МААЕ.

Инаку, украинските власти обвинија дека руските сили го гранатирале Енергодар, кој се наоѓа во близина на самата нуклеарна електрана, пред да пристигне меѓународната мисија во градот. Погодена била општинската зграда во Енергодар, пренесува Гардијан.

Во меѓувреме, украинската национална компанија Енергоатом објави дека очекува демилитаризација на самата нуклеарна електрана во Запорижја откако меѓународната мисија ќе ја заврши посетата. Од Енергоатом посочуваат дека руските воени сили стационирани во и околу нуклеарната електрана, заедно со рускиот тим од Росатом треба да го напуштат окупираниот објект, пренесува Укринформ.

Мисијата на МААЕ се состои од тим од 14 експерти од земји за кои и украинската и руската страна сметаат дека се неутрални, кои по посетата треба да го изложат  нивното стручно мислење за состојбата во која се наоѓа нуклеарната електрана во Запорижјае. Пред да заминат кон окупираните територии, мисијата на МААЕ која ја предводи Рафаел Гроси денеска беше во Кијив.

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани...