Русија продолжува со гранатирањето на украински градови, загинаа најмалку четири лица

-

Руското гранатирање на украински градови продолжи и во текот на изминатово деноноќие, при што во нападите се регистрирани најмалку четири загинати лица. Во Донецкиот регион од ракетирањата загинаа три лица, а најмалку пет цивили се повредени, јавува Укринформ. Со ракети биле погодени градовите Бахмут, Маринка и Шевченко.

Гардијан јавува дека Русија со 55 проектили погодила три градови во регионот Суми на североистокот на Украина. Нема загинати и повредени лица во нападите, но оштетени се комерцијални зданија и домови. Во Харкивската област на истокот на Украина, во ракетирањата на градовите Харкив и Чухуив загина најмалку еден цивил во изминатово деноноќие, а пет лица биле хоспитализирани во болниците, пренесува Укринформ.

Од руското гранатирање не беа поштедени ниту пристанишниот град Миколаив на југот на Украина и населени места во регионот Днипропетровск во централниот дел на Украина. Во Миколаив изминатата ноќ во ракетирањето биле погодени станбени згради во две населби, но нема информации за загинати и повредени лица, јавува Укринформ.

Најмалку 50 куќи биле оштетени, а еден дом уништен, во синоќешното ракетирање на градот Никопол во регионот Днипропетровск. Овој град со денови е под силни ракетни напади од руската војска, а само во изминатово деноноќие биле истрелани 60 ракети кон населеното место, пренесува Укринформ.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси го повтори апелот за да им се овозможи пристап во нуклеарната електрана во регионот Запорожје, која во моментов е под руска окупација, но со украински персонал кој продолжува да го одржува објектот во функција, јавува Гардијан. Гроси додаде дека комуникацијата со најголемата нуклеарна електрана во Европа не функционира секојдневно, а нивен персонал нема пристап до самиот објект за да се осигура дека нејзиното работење не претставува извор за опасност.

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани...