Украина ја започна контраофанзивата против руските сили на југот на земјата

-

Украинските сили ја започнаа контраофанзивата на окупираните територии од руските сили на југот на земјата, јавува Ројтерс. Светската агенција посочува дека Украина зборува за контраофанзива на југот на Украина веќе два месеци, додека паралелно речиси секојдневно ракетираше позиции на руската војска и инфраструктурни објекти на окупираните територии.

„Денеска ние започнавме офанзивни дејствија во повеќе правци, вклучувајќи го и Херсонскиот регион“, ја пренесе украинскиот јавен радиодифузер Суспилне изјавата на портпаролот на украинската јужна воена команда, Наталија Хумењук.

Хумењук додаде дека неодамнешните украински ракетирања без сомнежи го ослабиле непријателот, информирајќи дека повеќе од 10 локации со муниција на руската војска биле погодени изминатава недела, заедно со линиите за снабдување. Сепак, таа не даде конкретни детали во врска со новата контраофанзива, посочувајќи дека било која операција е потребно да се одвива стихијно.

Укринформ денеска информира дека украинските сили успеале да ги пробијат првите линии на фронтот на руската војска во Херсонскиот регион. Минатата ноќ и денеска украинската војска ракетира позиции во Херсон, Олешки, Нова Каховка, Антонивка, Љубумивка и Берислав.

Во меѓувреме, тимот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) при ОН денеска го започна своето патување до нуклеарната електрана во Запорожје, која е окупирана од руските сили. Долгоочекуваната мисија ја предводи нејзиниот директор, Рафаел Гроси, а целта на мисијата е да ги испита клучните безбедносни системи во нуклеарната електрана, јавува АП.

За да се избегне нуклеарна катастрофа, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси со месеци бараше пристап до нуклеарната електрана во Запорожје, која е најголема во Европа.

Гроси на Твитер напиша дека дошол денот за тргнување на мисијата на пат, а објави и фотографија од себеси со 13-те други експерти. Очекувањата се мисијата на МААЕ да пристигне во нуклеарната електрана во Запорожје подоцна оваа недела, но засега нема попрецизна временска рамка за нејзиното работење или дополнителни детали.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...