ОН бара пристап за инспектори во нуклеарната електрана во Запорожје, борбите продолжуваат

-

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш упати апел на меѓународните инспектори да им биде овозможен пристап во нуклеарната електрана во Запорожје, која е под руска окупација од изминатава пролет, јавува Гардијан. Гутереш изјави дека било каков напад врз нуклеарната електрана е самоубиствен чин.

Гранатирањата од двете страни во конфликтот продолжија и во изминатово деноноќие. Украинските власти информираа дека повторно успеале да ги гранатираат Антоновскиот и Каховскиот мост во регионот Херсон на југот на Украина, пренесува Укринформ. Овие инфраструктурни објекти се клучната линија за снабдување за руските сили лоцирани на десната страна од реката Дњепар.

Вооружените сили на Украина извршиле и ракетен напад врз бази на руските сили во градот Мелитопол, при што тие информираат дека над 100 руски војници биле елиминирани и била уништена воена техника, јавува Укринформ. Засега нема потврда на ваквите тврдења и од независни извори, пишува Гардијан. 

Во руското гранатирање на Харкивскиот регион во изминативе 24 часа загинале најмалку три лица. Гранатирања се регистрирани и врз населените места во регионите Донецк, Запорожје, Днипропетровск и Миколаив, при што во ракетирањето биле погодени цивилни и воени цели, јавува Укринформ. 

Воедно, Гардијан пишува дека во Донецкиот регион траат борбите меѓу руските и украинските сили кај Писки и Авдивка на север и северозапад од градот Донецк. Борби се водат и во правец кон градот Бахмут, Словјанск и Краматорск, но засега украинските сили успеваат да ги одбијат нападите на руските сили, пренесува Укринформ.

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Македонија потпиша договор за економска соработка со Обединетото Кралство

На 22 мај 2025 година, во Лондон, вицепремиерот Александар Николоски, во име на Владата на Република Северна Македонија, го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото...

Каја Калас утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

Високата претставничка на Унијата, Каја Калас најави дека ќе се ангажира со владите во Србија, Косово и Македонија за нивниот пат кон ЕУ, а утре во Скопје ќе се сретне со...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од...