Русија ја префрла нуклеарната електрана во Запорижја под нивна јурисдикција

-

Руските власти соопштија дека започнале со префрлање на најголемата нуклеарна електрана во Европа под јурисдикција на руската компанија „Росенергоатом“, пренесува Гардијан. Самата електрана и целокупниот персонал ќе бидат префрлени, откако овој енергетски капацитет беше окупиран пролетва од руската војска за време на воената агресија на Русија врз Украина.

Украинските власти информираат дека вчера повторно била гранатирана електропреносната мрежа која ја поврзува нуклеарната електрана со украинскиот енергетски систем. Поради ова, дизел генераторите за снабдување со струја на нуклеарната електрана биле активирани, јавува Укринформ.

Украинската компанија „Енергоатом“ информира дека заклучно со 28 октомври, само 100 од вкупно 6.700 вработени кои останаа да работат во нуклеарната електрана во Запорижја потпишале нови договори со руската компанија „Росенергоатом“, дополнувајќи дека пред руската агресија на 24 февруари во овој енергетски капацитет имало 11.000 вработени. Ова практично значи дека руските власти ќе мора да доведат свој персонал за да го одржува во функција нормалното функционирање на нуклеарната електрана.

Од „Енергоатом“ предупредуваат дека руските власти се обидуваат нуклеарната електрана да ја поврзат со рускиот енергетски систем, така што во наредниот период експерти од Русија ќе се обидат да ја поврзат електраната со оштетените далноводи кон привремено окупираните територии во источна Украина и полуостровот Крим, пренесува Укринформ.

Инаку, воените дејствија на фронтот во Украина продолжија и во изминатово деноноќие. Како резултат на руските напади, во Донецкиот регион загинале четири цивили, а пет лица се ранети, јавува Укринформ. Днипропетровскиот регион бил најпогоден изминативе 24 часа од руското гранатирање, од кое во градот Криви Рих привремено било прекинато снабдувањето со струја и вода за пиење, во Павлохрад била погодена фабрика, а во Никопол биле погодени куќи, фабрики и образовно здание.

Дополнителни рестрикции во снабдувањето со електрична енергија се воведени во регионите Днипропетровск, Запорижја и Кировохрад, јавува Укринформ. Од компанијата „Укренерго“ велат дека се потребни привремени контролирани ограничувања на струјата за да се намали оптоварувањето на мрежата, која беше гаѓана од руски ракетни и беспилотни напади изминатиов период, иако станува збор за цивилни објекти.

Нова компресивна облека наменета за повредените во трагедијата во Кочани

Во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година. „Во оваа пратка се...

ИЈЗ излезе со препораки за заштита на населението од пожар во непосредна близина

Лекарите во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излегоа со препораки за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна близина. „Останете информирани, следете ги известувањата од надлежните служби преку средствата за...

Владата прогласи кризна состојба во траење од еден месец поради пожарите

На вчерашната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари, со времетраење од 30 дена. Како што информираат оттаму оваа одлука е донесена...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Нова компресивна облека наменета за повредените во трагедијата во Кочани

Во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година. „Во оваа...