fbpx
Таг: руска агресија

таг: руска агресија

Годишнината од војната во Украина доаѓа со силна дипломатска активност на светските сили

Непосредно пред одбележувањето на годишнината од почетокот на руската воена агресија врз Украина, лидерите на најголемите светски сили изминативе денови се во силна дипломатска активност. Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја продолжува официјалната посета на Полска, каде што ќе се сретне со лидерите на деветте земји-членки што го формираат источното крило на НАТО. За време на посетата на Полска, американскиот...

Путин со дезинфо наратив – Западот ја почна војната во Украина, Русија само се бранеше

Најновиот говор на рускиот претседател Владимир Путин беше искористен да се пласира еден стар руски наратив околу Украина – Русија само се бранеше. Овој наратив беше обновен и засилен со два-три поднаративи, а беа споменати и „нацизмот“ и „русофобијата“. Овој дезинфо наратив за Западот како главен виновник е и варијација на темата „Украина е главен виновник“, што Путин ја употреби...

Бајден во посета на Варшава, Путин со обраќање во Москва по повод војната во Украина

На три дена пред воената инвазија што ја изврши врз Украина, рускиот претседател Владимир Путин на 21 февруари минатата година преку јавно обраќање информираше дека Русија ја признава независноста на самопрогласените Донецка народна република и Луганска народна република, пишува Би-би-си. Ваквиот чекор на Путин следеше само три дена пред да започне воената агресија врз Украина на 24 февруари. Една година...

Ходорковски: Ако војната во Украина продолжи, Путин ќе проба да го дестабилизира Балканот

Доколку продолжи војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин ќе се обиде да го дестабилизира Балканот преку Србија за да им го направи животот потежок на Европејците. Ова го изјави рускиот опозициски лидер Михаил Ходорковски во интервју за влијателниот австриски весник „Дер Стандард“. Ходорковски вели дека Путин поддржува радикали од било која природа, се обидува да ја дестабилизира ситуацијата и...

Од платени убијци до ширачи на дезинформации: Американски документи за руски „Вагнер“

Централноафриканска Република, Естонија, Судан, Косово, Сирија, Украина се дел од земјите каде изминативе години беа регистрирани активности на руската паравоена група „Вагнер“. Нивниот шеф, 61-годишниот Евгениј Пригожин има поминато девет години во затвор во СССР за грабежи, измами и други злосторства пред да забележи неверојатен подем и богатство по неговиот ангажман од рускиот претседател Владимир Путин. Политико објавува ексклузивни американски...

Русија трупа нови сили во Донбас, ЕУ договара поголема воена помош за Украина

Русија довела нови воени сили во правецот на Донецк и го зголемила бројот на баталјони од 160 на 190. Регионалните украински власти од Донецкиот регион се повикуваат на разузнавачки извори, според кои бројот на баталјони се зголемени за само неколку недели, пишува Укринформ. „Дури и доколку нивните единици не се на потребното ниво на подготовка, ова се многу луѓе. Мислиме...

Во Украина се интензивираат воените дејствија, расте бројот на загинати цивили

Десетици илјади руски војници се стационирале во Луханскиот регион во изминативе недели, со кои Русија сака да започне нова воена офанзива, пренесува Укринформ. Руските сили во изминативе денови ги засилија операциите во близина на градовите Кремина и Билохоривка, а гувернерот на Луханскиот регион Серхиј Гајдај вели дека плановите на Русија се да ја исцрпи Украина на фронтот. Гајдај додава...

Нови руски воздушни напади врз Украина, погодена критична инфраструктура

Русија изминатава ноќ изврши нови воздушни напади врз цели во Украина. Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валери Залужни информираше дека украинската противвоздушна одбрана успеала да собори 16 од вкупно 36 проектили што биле лансирани од руските сили, пренесува Укринформ. Залужни информираше дека цел на руските сили била критичната инфраструктура. Според досегашните извештаи, во западниот регион Лвив бил погоден...

Украина бара дополнително оружје, САД очекуваат пролетна офанзива

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека тој очекува од Украина да започне пролетна офанзива против Русија и ги повика земјите-членки на НАТО да ја интензивираат својата поддршка за Украина, пренесува Би-би-си. Остин говореше на прес-конференција што се одржа на првиот ден од состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО во Брисел. Генералниот секретар на НАТО, Јенс...

Војната во Украина: Речиси 300.000 загинати или повредени војници, над 30.000 цивили го загубија животот

Воената агресија на Русија врз Украина за помалку од една година предизвикала животот да го загубат меѓу 30.000 и 40.000 цивили во нападнатата земја, а бројот на загинати или повредени руски и украински војници да достигне и до 300.000, објави агенцијата Франс-прес, 10 дена пред одбележувањето на годишнината од почетокот на војната, пренесува Гардијан. Според последните проценки направени во Норвешка,...

Жестоките борби на фронтот во Украина продолжуваат, бројот на жртви расте

Борбите меѓу руските и украинските сили продолжуваат во Украина, но плановите на Русија да окупира нови територии од оваа земја засега не се одвиваат според предвиденото. Би-би-си објави воена репортажа од градот Бахмут во Донецкиот регион, каде што веќе шест месеци се водат жестоки борби за контрола над градот којшто пред руската агресија имаше 70.000 жители. Би-би-си раскажува дека во...

Британско разузнавање: Русија сака да напредува, но ги нема капацитетите за успешна офанзива

Во најновиот разузнавачки извештај на Британското Министерство за одбрана се наведува дека на Русија ѝ недостасува муниција и маневарски единици за да извршат нова успешна офанзива врз Украина, пренесува весникот Гардијан. Официјална Москва ќе продолжи да инсистира на напредок на фронтот, но малку е веројатно дека Русија ќе може да собере сили потребни за суштински да влијае на исходот...

Украина го менува министерот за одбрана, Русија се подготвува за нова воена офанзива

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников ќе биде разрешен од функцијата, а на негово место ќе биде поставен досегашниот шеф на военоразузнавачката агенција Кирило Буданов, пренесува Гардијан. Позицијата на Резников е разнишана по корупцискиот скандал, во кој Министерството за одбрана се обвинува дека плаќало за два до три пати повисоки суми од цената на храната во супермаркетите за снабдување...

Шефот на ЦИА предупредува: Следниве шест месеци критични за исходот на руско-украинската војна

Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс оцени дека следниве шест месеци ќе бидат „апсолутни клучни“ за одредување на конечниот исход од војната во Украина, пренесува Си-ен-ен. Тој смета дека Владимир Путин не е сериозен за седнување на преговарачка маса, така што клучот за решавање на војната се чини дека ќе биде на бојното поле во следниве...

Пребегнат руски офицер и командант на „Вагнер“ раскажуваат за злосторствата извршени од руските сили во Украина

Пребегнатиот руски офицер Константин Јефремов и поранешниот командант на руската платеничка војска „Вагнер“ Андреј Медведев во две одделни интервјуа раскажуваат за воените злосторства што ги имаат извршено руските сили во Украина. Станува збор за лица коишто биле директно распоредени во Украина по воената инвазија од Русија, која започна на 24 февруари лани. Константин Јефремов е највисок офицер од руската војска...

Руски суд осуди познат новинар на осум години затвор, ширел „лажни вести“ за инвазијата во Украина

Познатиот рускиот новинар и критичар на Владимир Путин, Александар Невзоров е осуден на затворска казна од осум години за „ширење лажни вести“ за руската војна во Украина, пишува Политико. Московскиот суд го осуди Невзоров поради „објавување лажна информација за намерно бомбардирање на руската војска на породилиште во Мариупол“ на неговите профили на Инстаграм и Јутјуб. Новинарот Невзоров известуваше и за...

Украина предупредува за нова руска офанзива што ќе коинцидира со годишнината од агресијата

Русија се подготвува за максимална ескалација на војната во блиска иднина, а главните битки допрва доаѓаат, предупредува секретарот на Националниот совет за безбедност и одбрана на Украина, Олексиј Данилов, во интервју за „Скај Њуз“ што го пренесува Укринформ. Данилов не ја исклучува можноста рускиот претседател Владимир Путин да се обиде да ја нападне уште еднаш Украина од правците север, исток...

Нови руски напади од воздух врз Украина, пријавени загинати и повредени лица

Русија утрово изврши нов воздушен напад врз Украина, при што во неколку града низ земјата беа вклучени сирените за противвоздушна одбрана. Најмалку едно лице загина, а двајца се повредени по експлозиите што одекнаа во главниот град Кијив, соопшти градоначалникот Витали Кличко, пренесува Гардијан. Украинската државна телевизија „Суспилне“ објави дека во ракетниот напад врз Кочубеивка во Херсонскиот регион утрово загинало едно...

Амбасадорот Талески во делегацијата на НАТО амбасадори во посета на Украина

Амбасадорот на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески, заедно со амбасадори на уште девет земји членки на НАТО остварија работна посета на Украина. Како што информираат од Владата, целта на посетата е да се демонстрира силна поддршка на Украина во справувањето со предизвиците од руската воена агресија. Во рамките на посетата, шефовите на делегациите на земјите членки на НАТО остварија...

Османи – Рибеиро: Руската агресија врз Украина има сериозни импликации врз медиумските слободи и безбедноста на новинарите

Министерот Бујар Османи денес оствари средба со претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Тереза Рибеиро, соопшти Министерството за надворешни работи. На средбата биле разменети мислења за состојбата поврзана со медиумските слободи во регионот на ОБСЕ. Воедно, било констатирано дека руската агресија врз Украина има сериозни импликации врз медиумските слободи и безбедноста на новинарите ширум ОБСЕ просторот. “Политиките кои произлегуваат од...

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години - во 2017, се...