fbpx

Бајден во посета на Варшава, Путин со обраќање во Москва по повод војната во Украина

Меѓународната заедница стравува дека Кина би можела воено да ја потпомогне Русија со оружје, во ситуација кога водечкиот кинески дипломат Ванг Ји допатува во Русија како последна станица од неговата осумдневна европска турнеја

-

На три дена пред воената инвазија што ја изврши врз Украина, рускиот претседател Владимир Путин на 21 февруари минатата година преку јавно обраќање информираше дека Русија ја признава независноста на самопрогласените Донецка народна република и Луганска народна република, пишува Би-би-си. Ваквиот чекор на Путин следеше само три дена пред да започне воената агресија врз Украина на 24 февруари.

Една година подоцна, рускиот претседател Владимир Путин денеска го одржa годишниот говор во Федералното собрание на Руската Федерација, каде што кажа дека пред една година ја почнал „специјалната воена операција“ за да ги заштити луѓето на „историските руски територии“. Путин обвини дека Западот ја почнал војната во Украина, а Русија употребила сила за да ја запре, пренесува Би-би-си.

Пред годишнината од воената агресија врз Украина, Си-ен-ен во својата анализа предупредува дека Русија и Кина никогаш претходно немале толку блиски односи. Меѓународната заедница стравува дека Кина би можела воено да ја потпомогне Русија со оружје, во ситуација кога водечкиот кинески дипломат Ванг Ји допатува во Русија како последна станица од неговата осумдневна европска турнеја.

Ванг Ји уште на Минхенската безбедносна конференција пред неколку дена објави дека Кина ќе има сопствен предлог за „политичко решавање на украинската криза“ што ќе се совпадне со годишнината од војната. Сепак, нејасното споменување на предлогот кај западните лидери остава сомнеж дека Кина би можела да ѝ помогне на Русија на бојното поле, анализира Си-ен-ен.

Кремљ соопшти дека не ја „исклучува“ средбата меѓу Ванг и рускиот лидер Владимир Путин. Доколку навистина се сретнат, сликите на Ванг и Путин како се ракуваат во утврдениот Кремљ ќе бидат остра спротивставеност на вчерашната прошетка на американскиот претседател Џо Бајден со неговиот украински колега Володимир Зеленски низ центарот на Кијив среде сирените за воздушен напад.

Оптиката на двете патувања – што се случуваат само неколку дена пред одбележувањето на годишнината од бруталната војна во петокот – го нагласува заострувањето на геополитичките линии меѓу двете светски суперсили, пренесува Си-ен-ен.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска се очекува да има обраќање по повод годишнината од воената агресија врз Украина. Бајден е во посета на Варшава, каде што ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда. Тој денеска ќе се сретне и со лидерите на деветте земји-членки што го претставуваат источното крило на НАТО. Говорот на Бајден се очекува во попладневните часови.

Како последица на руските воени дејствија во Украина, само во изминатово деноноќие регистрирани се тројца загинати цивили во Донецкиот регион, како и двајца загинати цивили во Херсовскиот регион. Најголемиот дел од жртвите се последица на руското гранатирање на населени места во овие два региони, пренесува Гардијан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...