fbpx

Ходорковски: Ако војната во Украина продолжи, Путин ќе проба да го дестабилизира Балканот

„За среќа, Русите се идиоти. Они се обидоа да го направат тоа во Црна Гора и ја истуркаа таа земја подалеку од нив, тие го изгубија влијанието. Но, не може секогаш да се смета на тоа дека постојано ќе бидат идиоти“, вели Ходорковски.

-

Доколку продолжи војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин ќе се обиде да го дестабилизира Балканот преку Србија за да им го направи животот потежок на Европејците. Ова го изјави рускиот опозициски лидер Михаил Ходорковски во интервју за влијателниот австриски весник „Дер Стандард“.

Ходорковски вели дека Путин поддржува радикали од било која природа, се обидува да ја дестабилизира ситуацијата и потоа се обидува да се позиционира себеси како некој што може да менаџира со нестабилната ситуација.

На новинарското прашање дали дестабилизацијата на Балканот би дошла преку Србија, Ходорковски одговара:

„Апсолутно. За среќа, Русите се идиоти. Они се обидоа да го направат тоа во Црна Гора и ја истуркаа таа земја подалеку од нив, тие го изгубија влијанието. Но, не може секогаш да се смета на тоа дека постојано ќе бидат идиоти. Сепак, по западните санкции врз Русија, влијанието се намалило, на пример, во Германија. Меѓутоа, десничарските партии се природни партнери на Путин. И поради тоа што гласачите на овие радикални партии вообичаено го поддржуваат Путин, тие дури не ни губат поддршка ако Путин започне војна. Ова треба внимателно да се следи“.

Во интервјуто, Ходорковски додава дека во моментов не гледа остварливо сценарио во кое војната би можела веднаш да се запре, без Украина да се најде во полоша позиција отколку што е сега. Тој смета дека Путин има навика да си ги решава изборните проблеми во Русија со започнување на војни. Тоа досега го направил со Чеченија, Грузија, полуостровот Крим, сега го прави со цела Украина по четврти пат и треба да се запраша секој кој би бил во петтиот наврат, вели Ходорковски.

Михаил Ходорковски во моментов живее во егзил во Лондон, а во минатото важеше за еден од најбогатите луѓе во Русија како челник на руската нафтена компанија Јукос. Беше обвинет за даночно затајување и измама, по што рускиот суд го осуди на 10 години и 2 месеци затворска казна. Ходорковски беше неочекувано ослободен од затвор, по што се одлучи да замине од Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...