fbpx

Шефот на ЦИА предупредува: Следниве шест месеци критични за исходот на руско-украинската војна

-

Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс оцени дека следниве шест месеци ќе бидат „апсолутни клучни“ за одредување на конечниот исход од војната во Украина, пренесува Си-ен-ен. Тој смета дека Владимир Путин не е сериозен за седнување на преговарачка маса, така што клучот за решавање на војната се чини дека ќе биде на бојното поле во следниве месеци.

Барнс говореше на Универзитетот Џорџтаун, посочувајќи дека треба да му се стави до знаење на Путин дека тој не само што нема да може да напредува понатаму во Украина, туку како што минува секој месец, тој ќе има поголем ризик да ја изгуби територијата која што незаконски ја одзеде од Украина.

Рускиот лидер, изјави Барнс, се обложува дека може да направи времето да работи за него. Путин верува дека може да ја „сомеле“ Украина, додека со текот на времето ЕУ и САД да бидат фатени во политички замор.

Шефот на ЦИА пред публиката на американскиот универзитет го повтори она што му го рекол и на неговиот руски колега – Сергеј Наришкин во ноември минатата година дека „таквата руска калкулација е длабоко погрешна како што беше и првобитната одлука да се оди во војна на 24 февруари минатата година“.

Покрај средбата со Наришкин во ноември лани, шефот на ЦИА Барнс во јануари годинава беше во посета на Кијив за да ја брифира украинската страна за можните воени планови на Русија во претстојниот период.

Гардијан го пренесува билансот на жртви објавен од украинските власти, како последица на руските воени дејствија во Украина. Во Харкивскиот регион, во руски ракетен напад врз населеното место Барвинкове е погодена куќа, при што две лица загинале. Еден цивил загинал, а осум лица се повредени во изминатово деноноќие во Донецкиот регион, како последица на руското гранатирање.

Како резултат на руските ракетни напади врз Херсонскиот регион, две лица се убиени во изминативе 24 часа, додека девет цивили биле ранети, меѓу кои и дете на возраст од пет години.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
udemy paid course free download
download mobile firmware
Free Download WordPress Themes
free download udemy paid course