Од платени убијци до ширачи на дезинформации: Американски документи за руски „Вагнер“

Ексклузивни американски дипломатски телеграми и интерни документи говорат за експанзијата на паравоената група „Вагнер“ во изминативе години создадена од поранешниот криминалец и актуелен приврзаник на Владимир Путин

-

Централноафриканска Република, Естонија, Судан, Косово, Сирија, Украина се дел од земјите каде изминативе години беа регистрирани активности на руската паравоена група „Вагнер“. Нивниот шеф, 61-годишниот Евгениј Пригожин има поминато девет години во затвор во СССР за грабежи, измами и други злосторства пред да забележи неверојатен подем и богатство по неговиот ангажман од рускиот претседател Владимир Путин.

Политико објавува ексклузивни американски дипломатски телеграми и интерни документи за експанзијата на паравоената група „Вагнер“ во изминативе години и глобалната мрежа создадена од блискиот приврзаник на рускиот претседател Владимир Путин.

Откако Русија ја започна војната против Украина, „Вагнер“ регрутираше нови трупи од неколку илјади лица за да ѝ се придружат руската војска на военото поле, дозволувајќи ѝ на групата да постигне воени победи, вклучувајќи ја и окупацијата на градот Соледар во Донецкиот регион. Иако претходно негираше било каква приврзаност со „Вагнер“, Пригожин првпат минатата година јавно ја призна врската што ја има со платеничката војска.

Во меѓувреме, тој зачестено се појавува на видеа и објави на социјалните мрежи од првите борбени линии на Украина, а во пропагандната содржина се обидува да ги прикаже своите паравоени сили како херои и истовремено да ги исмева западните санкции.

Истражувањето на Политико покажува дека „Вагнер“ е само дел од поголемата сфера на влијание што е поврзана со Евгениј Пригожин. Тој неодамна јавно призна дека се мешал во изборите во странски земји, како што и потврди дека ја водел и ја финансирал фармата на тролови именувана како „Агенција за истражување на интернетот“ од Санкт Петерсбург.

Во сириската војна во која Русија беше директно вклучена, се издвојува злосторството на „Вагнер“ од 2017 година, каде што негови борци беа фатени како снимаат и објавуваат видео од обезглавувањето на затвореник во Сирија. Семејството на жртвата го тужеше „Вагнер“ по објавувањето на видеото.

Документите и белешките прегледани од Политико потврдуваат дека во инцидентот биле вклучени најмалку пет борци на „Вагнер“ во сирискиот град Хомс. Документите и белешките, исто така, детализираат опсежна внатрешна истрага со полиграфски тестови за да се идентификува кој го снимил инцидентот и како видеото се појавило во јавноста.

Во изминативе пет години, Пригожин своите активности ги проширил во земјите од Африка и Блискиот Исток. Според американските документи до кои дошол Политико, неговата мрежа се обидела да основа нови канцеларии и операции во земји кои имаат силни историски врски со Западот.

Па така, Политико го наведува безуспешниот обид на мрежата на Пригожин да отвори канцеларија во Мексико во 2020 година, како и да изврши операции за влијание во Естонија во обид да поттикне евроскептицизам и недоверба кон НАТО во периодот пред воената агресија врз Украина. Во изминативе две години, борци на „Вагнер“ се појавија во африканските земји Централноафриканска Република, Гана и Буркина Фасо.

Ексклузивните документи покажуваат дека американските власти биле загрижени за потенцијалното влијание на „Вагнер“ во Косово, според американската телеграма до која имал пристап Политико. Во друг случај, американските власти добиле извештаи дека борци на „Вагнер“ се наоѓаат во Демократска Република Конго, иако локалните власти го демантираа нивното присуство.

Инаку, САД и европските земји изминативе недели воведоа нови санкции за „Вагнер“ и корпорациите на Пригожин во обид да ја намалат способноста на групата да купува ново оружје и опрема за нејзините операции во Украина. САД воведоа финансиски санкции за компании поврзани со работата на „Вагнер“ и Пригожин во Африка. Американските санкции изминативе години директно го таргетираа Пригожин, неговите бизнис и соработници низ светот.

Најновиот сет на санкции од САД доведе до тоа „Вагнер“ да биде поставен на листата на меѓународни криминални организации.

„Тие ја загрозуваат стабилноста, го поткопуваат доброто владеење, го ограбуваат рудното богатство на земјите, ги кршат човековите права“, изјави државниот секретар Антони Блинкен за „Вагнер“ во јануари годинава, за време на Самитот на лидерите на САД и Африка во Вашингтон.

Целосниот текст на Политико за Евгениј Пригожин и дејствувањето на „Вагнер“ може да се прочита овде.

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи може да...

УКИМ одбележа 76 години од основањето со награди за најдобрите студенти

Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, најстарата високообразовна институција во земјава, денес со доделување награди на најуспешните студенти го одбележа патрониот празник - Денот на Светите Кирил и Методиј. На свеченоста се...

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба и овластување

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член...

Платформата на граѓански организации за борба против корупција со реакција врз преговарањето за „Договор Влада со Влада“

Платформата на граѓански организации за борба против корупција реагира на нетранспарентноста на процесот на преговарање на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство во врска со...

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи...