fbpx

Нови руски напади од воздух врз Украина, пријавени загинати и повредени лица

-

Русија утрово изврши нов воздушен напад врз Украина, при што во неколку града низ земјата беа вклучени сирените за противвоздушна одбрана. Најмалку едно лице загина, а двајца се повредени по експлозиите што одекнаа во главниот град Кијив, соопшти градоначалникот Витали Кличко, пренесува Гардијан.

Украинската државна телевизија „Суспилне“ објави дека во ракетниот напад врз Кочубеивка во Херсонскиот регион утрово загинало едно лице, а четворица биле повредени. Руските сили извршиле масивен напад и врз градот Берислав во овој регион, при што двајца цивили загинале пред локална продавница во текот на вчерашниот ден, пренесува Укринформ.

Во однос на утринските напади, Гардијан пренесува дека најмалку шест експлозии одекнале во градот Виница во централниот дел на Украина, додека руското гранатирање во Одеса на југот на земјата предизвикало прекин во снабдувањето со струја и вода за пиење за жителите на овој приморски град. Украинските власти потврдија дека била оштетена енергетска инфраструктура во Одеса.

Според досегашните информации, Украина тврди дека Русија утрово лансирала 30 проектили кон различни градови, при што украинската противвоздушна одбрана успеала да собори барем 15 проектили што биле упатени кон главниот град Кијив. Изминатава ноќ биле соборени и 24 ирански дронови лансирани од Русија, кои имале за цел да нападнат цели во Украина.

Денешните ракетни напади врз украинските градови доаѓаат само еден ден откако Германија и САД официјално објавија дека ќе испратат тенкови како воена помош за Украина. Американскиот претседател Џо Бајден објави дека САД ќе обезбедат 31 тенк „Абрамс М-1“ за Украина, додека германскиот премиер Олаф Шолц рече дека Германија ќе испрати 14 тенкови „Леопард 2А6“. Исто така, Германија посочи дека ќе им одобри и на другите европски земји кои имаат тенкови од нејзино производство, да испратат тенкови во Украина, при што за ваквиот чекор веќе се одлучија Полска, Финска, Шпанија и Холандија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...