Серијата „The Last of Us“ направена според видео-игра стана најпопуларна серија на IMDB

The Last of Us -извор на фотографија HBO
The Last of Us -извор на фотографија HBO

Серијата „The Last of Us“ која е адаптација на истоимената видео-игра за брзо време стана најгледана серија во моментов според IMDB. Дел од популарноста се должи и на тоа серијата се фокусира околу друг вид пандемија во која „човештвото губи“.

Уште со првата епизода од „The Last of Us“ се создаде вистински феномен од гледаност на оваа серија според најпознатиот вебсајт за објективно оценување филмови – IMDB. Оваа серија, според статистиките, периодов е на првото место спроед популарност на сајтот. „The Last of Us“ почна како игра за „Плејстејшн 3“ во 2013 година и уште тогаш беше многу играна, а потоа следуваше и римејк на истата игра на „Плејстешн 4“ и најнова верзија со најдобра графика на „Плејстејшн 5“, која е преставена во најновиот трејлер за играта.

Станува збор за игра каде татко и ќерка преживуваат во таканаречена „зомби апокалипса“. Играта содржи доста хорор елементи, брутален комбат и различни стелт тактики. Сите што ја имаат играно ја фалат атмосферата во играта и самиот гејм-дизајн. Серијата дојде како шлаг на тортата и стана најпозната адаптација на видео-игра во филмувана серија и е погледана од сите претходни обиди за адаптации на видео-игри воопшто. 

Серијата „The Last of Us“, според критичарите, е една од највисоко рангираните ТВ серии и во моментов има просечна оцена 9.3 на IMDB. Според гледаноста на првата епизода, серијата се најде на второ место по гледаност на премиерни епизоди на ХБО содржини, но и на првото место според бројот на гледаност на првите две епизоди, откако втората епизода излезе во неделата.

Во рецензијата на серијата, весникот „Сан Франциско Хроникл“ пишува дека „ова не е само уште една успешна пробиена адаптација на игра. Ова е одлична серија, точка“.

Вебсајтот RogerEgbert.com напиша дека „The Last of Us“ e „фасцинантна деконструкција на играта, што повеќе тежи кон развивање на ликовите и раскажување на приказната отколку на акција и тоа го прави на потврдено приземјен начин.” 

Во интервју за „Холивуд Репортер“ креаторот на франшизата, Нил Друкмен, заедно со Крег Мазин кажуваат дека серијата нема да се соочи со истите проблеми со кои се соочи серијата „Игра на тронови“.

“Немаме понатамошни планови за нови приказни освен адаптирање на игрите. Нема да наидеме на истите проблеми на кои наиде серијата ‘Игра на тронови’, затоа што вториот дел ја комплетира приказната“, посочи Друкмен.