fbpx

Војната во Украина: Речиси 300.000 загинати или повредени војници, над 30.000 цивили го загубија животот

-

Воената агресија на Русија врз Украина за помалку од една година предизвикала животот да го загубат меѓу 30.000 и 40.000 цивили во нападнатата земја, а бројот на загинати или повредени руски и украински војници да достигне и до 300.000, објави агенцијата Франс-прес, 10 дена пред одбележувањето на годишнината од почетокот на војната, пренесува Гардијан.

Според последните проценки направени во Норвешка, во војната во Украина што ја започна Русија биле убиени или повредени 180.000 руски војници и 100.000 украински војници. Други воени западни извори проценуваат дека во досегашниот конфликт двете страни имале загинати или повредени по 150.000 војници. Последните проценки на Обединетите нации се дека над 18.000 цивили биле убиени или ранети во војната, но со нагласување дека овие бројки најверојатно се многу поголеми.

Црниот биланс од руската офанзива врз Украина говори и за над 8 милиони раселени жители на Украина, најмалку 400 загинати деца, при што воената агресија предизвика 30 проценти од територијата на земјата да е опасна поради мини, за чие чистење би можело да бидат потребни и неколку децении работа на деминерите, предупредуваат експертите.

И покрај трагичните бројки од досегашните потези на руските власти, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Русија ја започнала најавената нова офанзива во Украина, посочувајќи дека Русија испраќа повеќе војници и оружје на фронтот отколку досега.

Последниот извештај на британското Министерство за одбрана што го пренесува Гардијан вели дека платеничката војска „Вагнер“ успеала да освои мала територија на северот од градот Бахмут во Донецкиот регион, но организираната украинска одбрана засега спречува руските сили да го освојат градот. Во Луханскиот регион, руските сили вршат офанзивни дејствија во секторот меѓу градовите Кремина и Сватове, но без значителен напредок на линиите на фронтот.

Извештајот на Си-ен-ен за најновата офанзива на руските сили врз градот Вуледар укажува на нов дебакл на руските воени стратези. Најмалку дваесетина руски тенкови и пешадиски возила биле уништени во најновата офанзива врз овој град, при што на снимките објавени од украинската војска се гледаат хаотични сцени на запалени руски тенкови, војници кои бегаат или ги губат своите животи.

Дебаклот на руската војска во Вуледар го признаваат и руските воени блогери, пишува Си-ен-ен, за кои битката претставува фијаско. Од анализираните 20 снимки, Си-ен-ен заклучува дека базичните тактички и командни грешки на руската војска при нападот на овој град, доколку се реплицираат и на други локации долж фронтот, може да претставуваат пропуст што ќе ги загрози плановите на официјален Кремљ за заземање на поголема територија во Украина во наредниот период.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...