fbpx

Амбасадорот Талески во делегацијата на НАТО амбасадори во посета на Украина

-

Амбасадорот на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески, заедно со амбасадори на уште девет земји членки на НАТО остварија работна посета на Украина. Како што информираат од Владата, целта на посетата е да се демонстрира силна поддршка на Украина во справувањето со предизвиците од руската воена агресија.

Во рамките на посетата, шефовите на делегациите на земјите членки на НАТО остварија средби со вицепремиерката за европски и евроатлантски интеграции на Украина, Олга Стефанишина, шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, заменик-шефот на Кабинетот на претседателот Ихор Жовква, и со Олександр Полишчук, заменик министер за одбрана на Украина.

„Од страна на домаќините беше истакната важноста на посетата во момент кога Киев и другите градови се соочуваат со нов бран руски напади со проектили и беспилотни летала. Тие се заблагодарија и за солидарноста и за големата поддршка што ја добиваат од сојузниците и информираа за актуелната состојба на фронтот, при што го истакна напредувањето на украинските војници на југот на земјата со цел деокупација на украинските земји“, се вели во соопштението од Владата.

Шефовите на делегациите на земјите членки на НАТО ги посетија и Хостомел и Буча, каде уште еднаш ги осудија воените дејствија, побараа солидарност со украинскиот народ, и повикаа на прекин на воените дејствија и целосно повлекување на руските воени сили од украинска територија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...