Русија трупа нови сили во Донбас, ЕУ договара поголема воена помош за Украина

Борел го поддржа повикот на Естонија до останатите земји-членки на ЕУ заеднички да пристапат кон набавката на оружје за да ѝ помогнат на Украина, што се смета за поефикасен пристап отколку поединечни земји на ЕУ одделно да прават нарачки

-

Русија довела нови воени сили во правецот на Донецк и го зголемила бројот на баталјони од 160 на 190. Регионалните украински власти од Донецкиот регион се повикуваат на разузнавачки извори, според кои бројот на баталјони се зголемени за само неколку недели, пишува Укринформ.

„Дури и доколку нивните единици не се на потребното ниво на подготовка, ова се многу луѓе. Мислиме дека најверојатно се подготвуваат за нешто. Најверојатно е тие да започнат офанзива на 24 февруари“, вели раководителот на воено-цивилната администрација во Авдивка, град кој се наоѓа долж самиот фронт во Донецкиот регион.

И шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел вчера на Минхенската безбедносна конференција предупреди дека војната во Украина ќе заврши неславно доколку Европската Унија не пронајде начин во неделите што претстојат за да ја зголеми испораката на муниција и оружје за Украина, пренесува Гардијан.

Борел ја акцентираше важноста на посебниот состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на ЕУ закажан за 8 и 9 март, на кој ќе им се даде можност на членките да понудат муниција за Украина од нивните постоечки залихи.

Инаку, Борел го поддржа повикот на Естонија до останатите земји-членки на ЕУ заеднички да пристапат кон набавката на оружје за да ѝ помогнат на Украина, што се смета за поефикасен пристап отколку поединечни земји на ЕУ одделно да прават нарачки. Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ се очекува да разговараат за ваквиот план на Естонија во текот на денешниот ден.

Во текот на вчерашниот ден, од руското гранатирање на населени места во Донецкиот регион загинале најмалку тројца цивили, додека едно лице било повредено. Тројца цивили загинале како последица на руското гранатирање на Херсонскиот регион во изминативе 24 часа.

Најмалку две лица се повредени, а една жена е пријавена за исчезната по утринското гранатирање на Харкивскиот регион, пренесува весникот Гардијан. Генералштабот на украинската војска информира дека во текот на вчерашниот ден биле убиени 820 руски војници на фронтот. Ваквите тврдења не можат да бидат потврдени и од независни извори.

ИЈЗ излезе со препораки за заштита на населението од пожар во непосредна близина

Лекарите во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излегоа со препораки за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна близина. „Останете информирани, следете ги известувањата од надлежните служби преку средствата за...

Владата прогласи кризна состојба во траење од еден месец поради пожарите

На вчерашната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари, со времетраење од 30 дена. Како што информираат оттаму оваа одлука е донесена...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

ИЈЗ излезе со препораки за заштита на населението од пожар во непосредна близина

Лекарите во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излегоа со препораки за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна близина. „Останете информирани, следете ги известувањата од надлежните служби преку...