Украина бара дополнително оружје, САД очекуваат пролетна офанзива

-

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека тој очекува од Украина да започне пролетна офанзива против Русија и ги повика земјите-членки на НАТО да ја интензивираат својата поддршка за Украина, пренесува Би-би-си. Остин говореше на прес-конференција што се одржа на првиот ден од состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО во Брисел.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во своето обраќање предупреди на недостиг од муниција на линијата на фронтот во Украина и додаде дека на оваа земја ѝ треба сето она што било ветено од нејзините сојузници. Столтенберг предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за „повеќе војна“, а не за мир. Генералниот секретар на НАТО дополни и дека украинскиот конфликт прераснува во логистичка војна.

Сепак, во однос на украинското барање за испорака на воени авиони, Столтенберг дека оваа тема е на дневен ред пред земјите-членки на НАТО, но „не е најитното прашање сега“. Наместо ова, Јенс Столтенберг побара од сојузниците да го испорачаат сето она што било ветено, односно оклопните возила, вклучувајќи ги германските Мардерс, американските Бредли и борбените тенкови Леопард.

Британскиот министер за одбрана, Бен Валас во денешното интервју за Би-би-си изјави дека Обединетото Кралство наскоро нема да испраќа воени авиони во Украина, но и дека фокусот ќе биде да се осигура дека официјален Кијив ќе може да се брани на долг рок.

Ваквите одговори од клучните земји-членки на НАТО доаѓаат по барањето на Украина за воени авиони, кое на состанокот на НАТО го афирмираше украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пак изјави дека Русија брза да постигне колку што може повеќе со својата најнова офанзива пред официјален Кијив и неговите сојузници да соберат сила.

„Затоа брзината е од суштинско значење. Брзина во сè – донесување одлуки, извршување на одлуки, испорака на материјали, обука. Брзината ги спасува животите на луѓето, брзината ја враќа безбедноста“, рече Зеленски во своето последно видео обраќање до украинската јавност.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...