fbpx

Борбите во Бахмут продолжуваат, рускиот министер Шојгу трет ден во Украина

Руските сили допрва треба да се борат за заземање на центарот на Бахмут и за десниот брег на реката Бахмутка, која е под контрола на украинските сили

-

Украинската војска можно е да реализира ограничено повлекување на своите сили од Бахмут, пишува во најновиот извештај на Институтот за проучување на војната. Американскиот тинк-тенк велат дека е прерано да се каже кои се намерите на Украина во однос на овој град во Донецкиот регион, но сепак возможно е украинските сили да целат кон постепено повлекување од Бахмут за да ги исцрпат руските воени сили преку континуирани борби во градот, пренесува Гардијан.

„Руските сили е малку веројатно во брзо време да обезбедат значајни територијални освојувања кога се води урбана борба, која вообичаено го фаворизира бранителот и може да им дозволи на украинските сили да извршат високи загуби при напредувањето на руските сили“, се наведува во извештајот на Институтот за проучување на војната.

Руските сили допрвo треба да се борат за заземање на центарот на Бахмут и за десниот брег на реката Бахмутка, која е под контрола на украинските сили, стои во нивниот извештај.

Украинските власти денеска потврдија дека го држат под контрола клучниот пат од Бахмут кон Костјантинивка, кој претставува клучна рута за снабдување на градот, пренесува Укринформ.

Инаку, руските напади во изминатово деноноќие во Донецкиот регион резултираа со еден загинат цивил и пет повредени. Цивилните жртви се од градот Бахмут.

Најмалку тројца цивили загинаа во Херсонскиот регион во последните 24 часа. Населените места од овој регион беа ракетирани во 74 наврати, при што од руските сили биле испалени 346 ракети, јавува Укринформ. Меѓу загинатите цивили има и две деца.

Гардијан пишува дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу веќе трет ден по ред се наоѓа во окупираните територии на Украина. Тој бил во Мариупол, во контрола на објектите што се во изградба. Подолготрајната посета на првите линии на фронтот во Украина е невообичаен потег на рускиот министер Шојгу.

Според податоците на украинскиот генералштаб, во изминатово деноноќие биле убиени 650 руски војници, со што загубата на руските сили од почетокот на воената агресија во Украина се искачила на 153.770 војници, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...