Меѓународниот кривичен суд ги отвора првите случаи за злосторства од руски војници

-

Меѓународниот кривичен суд ќе ги издаде првите налози за апсење поврзани со два случаи отворени за воени злосторства извршени во Украина, пишува Гардијан. Станува збор за случаи за киднапирање на украински деца и таргетирање на цивилна инфраструктура во војната од страна на руски граѓани.

Весникот „Њујорк тајмс“ и „Ројтерс“ објавија дека обвинителот Карим Кан ќе побара од судиите на претходна постапка да ги одобрат налозите за апсење врз основа на досега собраните докази. Доколку биде успешна постапката, ова ќе биде првпат да бидат издадени налози за апсење од Меѓународниот кривичен суд во врска со руската инвазија на Украина.

Сепак, Гардијан пишува дека малку е веројатно дека потерниците ќе доведат до судења на руски граѓани, бидејќи Меѓународниот кривичен суд нема да им суди на обвинетите во отсуство, а Русија не е членка на овој суд и е многу мала веројатноста обвинетите лица да ги предаде на судот, со седиште во Хаг.

Инаку, налозите за апсење за првите два случаи за воени злосторства доаѓаат нешто повеќе од една година откако обвинителот Кан отвори истрага за можни воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид во Украина. Во текот на изминатите 12 месеци, тој направи три патувања во Украина и посети места за наводни воени злосторства.

Во најновиот руски напад врз градот Краматорск утрово загина најмалку еден цивил, а тројца се повредени, јавува Укринформ. Во централното градско подрачје биле погодени шест станбени згради. Украинските власти додаваат дека како резултат на руските воени дејствија во Донецкиот регион загинале најмалку три лица, додека 14 се повредени.

При руското ракетирање на градот Вовчанск во Харкивскиот регион најмалку еден цивил загинал, откако бил погоден автомобил и цивилна инфраструктура во градот, пренесува Укринформ.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба објави дека 32 земји од светот досега се приклучиле на коалицијата, која бара формирање на специјален трибунал што ќе ги гони извршителите на кривични дела за време на руската агресија врз Украина, пишува Гардијан.

„32 држави сега работат заедно за да го повикаат највисокото политичко и воено раководство на Русија на одговорност. Путин и неговите соработници ќе одговараат“, напиша Кулеба на Твитер.

Престрелка во Чаир, едно лице е убиено

Едно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што ноќеска се случила во скопската општина Чаир. Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг поради претходно недоразбирање во сообраќајот. Министерството за...

Објава преку лажно видео тврди дека УСАИД им плаќала на холивудски актери за да ја посетат Украина

Видеото и приказната во него не се автентични и не потекнуваат од E! News. Дарен Линвил, ко-директор на Медиумскиот центар за форензика на Универзитетот Клемсон, на социјалната мрежа Икс изјави дека...

Ревизија во Централен регистар, три регистри не функционираат и покрај тоа што може да се користат

Неправилности како продажба на патнички моторни возила без согласност од Владата, неусогласености во евиденцијата на приходи и нефункционирање на одредени регистри, утврдиле ревизорите по извршената ревизија за работењето на Централниот регистар. Државниот...

Божиновска на Меѓународниот ден на девојки и жени во науката: Министерството ќе ја зајакне поддршката за девојките во STEM

По повод Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со млади девојки од Македонија кои градат кариера во областа...

Престрелка во Чаир, едно лице е убиено

Едно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што ноќеска се случила во скопската општина Чаир. Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг поради претходно недоразбирање во...