Путин го отповика указот за поддршка на суверенитетот на Молдавија во спорот со Транснистрија

Отповиканиот указ од 2012 година ја обврзуваше Русија да бара начини за решавање на сепаратистичкото прашање за регионот Транснистрија (Придњестровје) врз основа на почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и неутралноста на Молдавија

-

Рускиот претседател Владимир Путин го отповика указот од 2012 година, со кој Русија делумно го поддржа суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на отцепениот проруски регион Транснистрија (Придњестровје), пишува Јуроактив. Рускиот указ беше донесен во период кога официјална Москва презеде чекори за да ги затопли односите со САД и ЕУ.

Одлуката на Путин за отповикување на указот од 2012 година беше објавена на веб-страницата на Кремљ, при што се наведува дека таа е донесена за „да се осигураат националните интереси на Русија во врска со длабоките промени што се случуваат во меѓународните односи“.

Регионот Придњестровје се отцепи од Молдавија во 1990 година, а на ваквата одлука ѝ следеше кратката војна меѓу молдавските власти и самопрогласените власти во регионот каде што има голем процент на руско и украинско население. По конфликтот, Русија испрати „мировна мисија“ во Придњестровје, при што руските војници се наоѓаат во овој регион до денешен ден.

Ескалирачкиот чекор што го презема официјална Москва следи откако молдавскиот парламент минатата недела го изгласа новиот, прозападен премиер на Молдавија, кој вети дека неговата земја ќе го продолжи патот кон зачленување во ЕУ. Русија го обвини молдавското раководство дека спроведува антируска агенда и дека односите меѓу Русија и Молдавија биле многу напнати.

Молдавија е една од најсиромашните европски земји и не е членка на НАТО. Американскиот претседател Џо Бајден за време на својата европска турнеја по повод годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина ја потврди одлучноста да им помогне на источноевропските земји што се загрижени за одржување на нивната независност.

„Претседателот Бајден ја потврди силната поддршка на САД за суверенитетот и територијалниот интегритет на Молдавија, на неговиот состанок со молдавската претседателка Маја Санду“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Инаку, отповиканиот указ од 2012 година ја обврзуваше Русија да бара начини за решавање на сепаратистичкото прашање за регионот Придњестровје врз основа на почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и неутралноста на Молдавија.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...