fbpx

Борбите во Бахмут се интензивираат, бројот на загинати војници расте

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање изјави дека изминативе денови биле убиени над 1.000 руски војници, додека 1.500 биле ранети, пренесува весникот Гардијан. Тој изјави дека почнувајќи од 6 март, украинските сили успеале да убијат повеќе од 1.100 непријателски војници само во секторот Бахмут. Овие податоци не можат да се проверат од независни извори.

Сепак, последните податоци на британското разузнавање говорат дека првата линија на фронтот во Бахмут е токму реката Бахмутка која минува низ центарот на градот и го дели градот на два дела. Руските сили продолжија со офанзивните дејствија во овој град во Донецкиот регион, но засега не успеваат во целост да го опкружат градот и да ја прекинат линијата за снабдување на украинските сили.

Украинскиот генералштаб соопшти дека нивните сили успеале да одбијат 102 напади долж целата линија на фронтот во изминативе 24 часа. Најжестоките борби биле во правците на Бахмут, Лиман, Авдивка, Маринка и Шахтерск. Руските сили извршиле ракетни напади врз цивилна инфраструктура во Славјанск, додека во реоните на Купјанск и Лиман безуспешно се обиделе да ги пробијат линиите на одбрана на украинските сили.

Најмалку двајца цивили загинаа, додека тројца се повредени во руското гранатирање на населеното место Куцуруб во регионот Миколаив на југот на Украина, пренесува Укринформ. Седум цивили биле повредени во изминатово деноноќие како резултат на руското гранатирање на населени места во Донецкиот регион.

Инаку, претседателот Володомир Зеленски му го додели орденот „Херојот на Украина“ на војникот Олександр Мациевски, кој беше идентификуван како војникот што беше убиен во снимката што беше објавена минатата недела. Грозоморниот чин беше извршен додека бил во заробеништво на руски војници, кој откако пред камерата викнал „Слава на Украина“ беше убиен. Засега нема информации за тоа кои се извршителите на ова воено злосторство, бидејќи самите извршители кои го убиваат војникот не се прикажани на снимката.

Претседателот Зеленски рече дека Мациевски ќе биде засекогаш запаметен од Украина.

„Денеска му ја доделив титулата „Херој на Украина“ на војникот Олександр Мациевски. Човек кој ќе го знаат сите Украинци. Човек кој ќе се памети засекогаш. За неговата храброст, за неговата доверба во Украина и за неговата „Слава на Украина!“, изјави Зеленски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...