fbpx
Таг: реформи

таг: реформи

Власта разгледува модалитети како да спроведе ветинг за судиите и обвинителите

ДУИ бара од коалициониот партнер СДСМ да поддржи ветинг (проверка) за сегашните и идните функционери, со што ќе се опфати судството, судии и обвинители, додека СДСМ сé уште чека да види што ќе се случи со реформите што се спроведуваат во судството. Неофицијално, СДСМ, исто така, работи на изнаоѓање соодветни модалитети за таков процес, објавува „Порталб.мк“. Пратеникот на ДУИ Артан Груби...

Тимоние: Потребна е професионализација на администрацијата, не партизација

Потребни се суштински, квалитативни, а не квантитативни реформи и професионализација на администрацијата наспроти постојаната состојба на нејзина партизација, порача амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, на денешната конференција во Скопје „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет”. Тој порача дека реформата на јавната администрација е многу важен дел во процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон ЕУ. -...

Oставката на Атанасов oтвoра дилеми: Каде се образовните реформи?

Оставката на заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, отвара прашања за анализа - зошто стојат во место образовните реформи и зошто не се реализира во пракса сето она кое се очекуваше и ветуваше во изминатиот период? Атанасов вели дека главните приоритети во образованието за поголем квалитет, не се исполнети и дека ако се продолжи со ова темпо, образованието би...

Атанасов: Премиере, Вие најдобро знаете зошто не ги остваривме промените во образованието!

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, на статус на Фејсбук напишал дека си поднесува оставка од функцијата, обраќајќи се на јавноста и на премиерот Зоран Заев. Причина за ваквата одлука е, како што напишал, неумеењето Владата да ги реализира промените кои биле ветувани. Тој, исто така, порачува и дека „револуцијата почнала да ги јаде своите деца“. „Во изминатите неполни 10...

ЕК повика да се одржува темпото на реформите и политичкиот дијалог

На денешниот, 16-ти состанок на заедничкиот Комитет за стабилизација и асоцијација, кој го сочинуваат претставници на Северна Македонија и на ЕУ, претставниците на Европската Комисија упатиле охрабрување до сите политички партии и чинители во земјава да работат заеднички на одржувањето и зајакнувањето на политичкиот дијалог и да продолжат со исполнување на ЕУ-агендата, особено во поглед на судството, борбата против...

Социетас Цивилис: Кредибилитетот на ЕУ пред граѓаните ќе биде ставен под прашање

Центарот за европски интеграции (ЦЕИ) при Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) денеска изрази загриженост за заклучокот на Европскиот Совет да не одреди датум за пристапните преговори со Северна Македонија, порачувајќи дека таквата одлука реално ги влошува состојбите и го нарушува кредибилитетот на ЕУ. „ЦЕИ на ИДСЦС смета дека со одложување на почетокот на пристапните преговори, кредибилитетот на...

Заев: Граѓанскиот мониторинг ѝ спаси на државата 100 милиони евра

„Неодамна се потсетивме на големиот граѓански протест во 2015 кога над 70 граѓански организации им се придружија на десетиците илјади граѓани на масовниот протест за враќање на владеење на правото, создавајќи широка граѓаанска коалиција која побара моѓта на државата да се намали за сметка на активни, гласни и критички граѓани. Денес Владата може да каже дека застана зад принциот...

Блупринт групата достави решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство

Блупринт групата за реформи во правосудството, како неформална мрежа на истакнати граѓански организации, денеска до министерката за правда достави документ со предлог измени на членовите 32, 34 и 105 од Предлог-Законот за Јавното обвинителство. Како што информираат од групата, на состанок со министерката Рената Дескоска минатата седмица било договорено нивните предлози и коментари за законот, бидејќи за Министерството за правда...

Генерал Ѓурчиновски: АРМ ќе се преструктуира во нова формација следните 10 години

Процесот на трансформација на Армијата во новата формациска структура ќе трае до 10 години, најави началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Трансформацијата на АРМ е најавена во Стратегискиот одбранбен преглед донесен минатата година, а Ѓурчиновски очекува претседателот и врховен командант Стево Пендаровски наскоро да ја утврди новата структура и формација на армијата, која ќе го опфати активниот и...

Се очекува усвојувањето на клучните закони да донесе позитивен извештај од Брисел

Две недели пред објавувањето на извештајот од Европската комисија (ЕК) за напредокот на земјава, невладините организации кои ги следат реформите во судството се оптимисти дека Северна Македонија ќе добие позитивен извештај, односно препорака за отворање на преговори за зачленување во ЕУ, пишува „Порталб“. Маргарита Цаца - Николовска од Институтот за човекови права (ИЧП) вели дека земјава има напредок во областа...

Ова се реформите што ги спроведе Министерството за информатичко општество (инфографик)

Поголемиот дел од реформите предвидени со Акцискиот план за Стратегијата за реформи на јавната администрација се спроведени. Ова го покажува годишниот извештај на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за реформите во администрацијата, известува „Порталб.мк“. Во областа на креирање политики, според извештајот, 57,78% од реформите се спроведени, 37,78% се одложени, додека 4,44% се во процес на спроведување. Во областа...

МИОА нема време до крајот на мандатот да ја департизира администрацијата (инфографик)

Владата предводена од премиерот Зоран Заев нема да има време до крајот на својот мандат да ја департизира јавната администрација. Сегашната состојба со вработувањата е слична со таа во минатото - во јавната администрација може да се вработите само ако имате книшка на партијата на власт. - Сè е исто како и порано. Предвидени се многу мерки, но не се...

СЕММ, ЗНМ, ССНМ, МИМ: Очекуваме силни заложби за реформи во медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), по повод Светскиот ден за слобода на медиумите – 3 мај потсетуваат на потребата од сериозен ангажман на сите релевантни актери околу крупните реформски чекори во медиумскиот сектор во државата. „Kлучните системски...

Синдикатот e против трансфер на административците во приватниот сектор

Синдикатот на администрацијата на Република Северна Македонија се противи на идејата на Владата за трансфер на административците во приватниот сектор. Од друга страна, бизнис секторот бара најпрвин да се информира за кадарот што ќе им се понуди, а Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) продолжува со спроведување на планот, пишува „Порталб.мк.“ До крајот на 2019 година, треба да се...

Македонските војници задолжително ќе одат во мисии на НАТО

Министерството за одбрана подготвува предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана со кој се дефинираат правилата за ангажман на нашите војници во мисиите на НАТО. „Со овој предлог на закон ќе се овозможи распоредување на припадниците на Република Северна Македонија надвор од територијата Република Северна Македонија во операции и мисии на НАТО на задолжителна основа, како и непречено...

Димитров на средбата со Хелбах и Осовски информирал за идните реформи

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска оствари работна средба со ополномоштеникот на Сојузното министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и за ЕФТА-државите, Кристиан Хелбах и со ополномоштеникот за ЕУ политики, Томас Осовски, кои престојуваат во работна посета на Република Северна Македонија. „Министерот Димитров посебно се осврна на веќе оствареното во делот на клучните реформски области...

Анализа: Брисел бара македонските политичари да го сменат ментaлитетот

Во финишот на посетата на Брисел македонската делегација како да ја удри студен туш. Со пофалбите за посветеноста на реформите, искажани по завршувањето на 15 состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу земјава и Европската Унија,  не стаса и гаранција дека во јуни ќе има зелено светло за отпочнување на преговорите со ЕУ. По средбата со премиерот Зоран Заев, високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, изразија задоволство од...

Реформските процеси во државата, во фокус на средбите на Заев со Хан и Столтенберг

Премиерот Зоран Заев во Брисел претседаваше со 15. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, кој во моментов претставува највисоко тело за одржување на формалните односи меѓу Европската унија и Република Северна Македонија. „Иако сериозен дел од политичката енергија беше посветен на решавање на отворените прашања, ве уверувам дека реформските процеси во земјата беа спроведувани во континуитет. Притоа, вложуваме напори...

УЈП ќе ги доставува претпополнетите годишни даночни пријави од 1 април

Управата за јавни приходи (УЈП) ќе почне да им ги доставува на граѓаните претпополнетите годишни даночни пријави за остварени приходи во текот на 2018 година од почетокот на наредниот месец, информираат од таму. „ До минатата година граѓаните за остварени приходи во претходната година ја доставуваа годишната даночна пријава до Управата за јавни приходи, а со реформата што беше спроведена...

Со реформите се брише терминот „тајна полиција“, велат од МВР

„Како држава, сакаме по 28 години да се ослободиме од терминот „тајна полиција“. Вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги објасни реформите на безбедносно-разузнавачкиот систем, кои треба да почнат со пакет закони и законски измени што Владата ги усвои на седница на 19 февруари, а штотуку влегоа во собраниска процедура. Со новите законски решенија се формираат две нови тела,...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...