fbpx
Таг: реформи

таг: реформи

Тевдовски: Успешно ги спроведуваме препораките на ЕК за економски реформи

Лани имплементиравме најмногу препораки (54,4 проценти) од сите земји аспиранти за влез во ЕУ, рече министерот за финансии Драган Тевдовски во Љубљана каде учествува на конференцијата „Кон подобрени структурни реформи и фискални рамки“, во организација на Центарот за обука во областа на финансиите (ЦЕФ). „Уверени сме дека таквиот тренд ќе продолжи и во наредниот период и дека дијалогот со Европската комисија ќе...

Петерле: На патот во ЕУ црни точки ви се судството, медиумските слободи и корупцијата

Словенечкиот европратеник Алојз Петерле во интервју за порталот „Јуропиан Вестерн Балканс“ ја фали храброста на владата да го надмине и деценискиот спор со Грција за името, но потсетува дека патот до ЕУ за Северна Македонија подразбира многу реформи. Како црни точки тој ги означува бавните реформи на правосудството, како и состојбата со медиумските слободи и бробата против корупцијата. Прашан дали...

Тевдовски: Успешно се реализираат мерките од Програмата за економски реформи

Министерството за финансии ќе продолжи да го зајакнува управувањето со јавните финансии, да ја подобрува фискалната дисциплина и транспарентноста во трошењето на јавните пари, истакна Министерот за финансии Драган Тевдовски на средбата со мисијата на Европската комисија за оцена на Програмата за економски реформи (ПЕР) за периодот 2019 – 2021 година. Делегацијата на ЕК ја сочинуваат претставници на директоратите за...

Истражувањe: Антикорупцијата и компромисите – невозможна мисија

Изградба на целосен систем за интегритет на централно и локално ниво; заострување на прекршочната политика во основниот антикорупциски закон и дополнување на постојниот закон за заштита на укажувачите се само дел од препораките кои произлегоа како заклучоци во истражувањето што го спроведе Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ на тема Антикорупција и борба со организиран криминал. Оваа област можеби е...

Германија го потпиша Протоколот за прием на Македонија во НАТО

Сојузната Влада се согласи да го потпишe Протоколот на Северно-атлантскиот договор за пристапот на Република Северна Македонија, соопштуваат од германската амбасада. „Ние сме убедени дека пристапот на Северна Македонија кон НАТО ќе претставува придонес за безбедноста и стабилноста не само во евроатлантскиот простор и нема да ја зајакне само трансатлантската заедница, туку тој ќе биде важен импулс за понатамошно стабилизирање на...

Даниелсон: Фокусот да се насочи кон реформите, а не кон предвремени избори

Кристијан Даниелсон, директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, на денешната прес-конференција во ЕУ Инфо центарот порача дека фокусот треба да насочи на реформите во пресрет на јуни кога Советот на ЕУ ќе одлучува за отворање на пристапните преговори, а дека предвремените избори ќе го одземат тој фокус и потребната енергија. – Фокусот треба да...

Се укинува електронското полагање на правосудниот испит

Министерство за правда подготвува предлог-закон за изменување на законот за правосудниот испит за да го усогласи со насоките содржани во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор во однос на укинување на електронското полагање на стручните испити. „Основна цел на законот е воведување на усмено и писмено полагање на правосудниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми...

Истражување: Нема реформа на правосудството без политичка волја

Мора да има политичка волја за реформи во правосудството и цврсто опстојување на имплементацијата на законските реформи, со што ќе се демонстрира дека политичката елита цврсто стои зад принципот на поделба на власта во земјата. Ова е најважната препорака од истражувањето на Фондацијата „Метаморфозис“, во рамките на регионален проект за оцена на исполнувањето на политичките критериуми за пристапување на земјите...

Со најавената реформа Спасовски му препушта дел од ингеренциите на Николовски

Со најавената реформа на безбедносно-разунавачкиот систем во Македонија голем дел од надлежностите на министерот за внатрешни работи (во моментов  Оливер Спасовски ) преоѓаат во рацете на директорот на новоформираната Агенција за внатрешно разузнавање со чие основање ќе се укине постоењето на Управата за безбедност и контраразузнавање (сега директор е Горан Николовски). На Единствениот национален регистар на прописи на Република Македонија се...

ЗНМ: Добро е медиумските реформи да мрднат од мртва точка, законот сè уште има нејаснотии

Здружението на новинари на Македонија го поздравува договорот меѓу власта и опозицијата за донесување на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој ќе придонесе за создавање подобри услови за работа на радиодифузерите во Македонија. „Новиот модел на избор на управните органи и системот на финансирање на Македонската радио телевизија и на медиумскиот регулатор ќе го...

Тевдовски: Значаен прогрес во реформата на јавните финансии

Направен е значаен прогрес во реформата на јавните финансии. Законските решенија предвидени со Програмата за реформи во управувањето со јавните финансии (ПФМ) се или подготвени или во финална фаза на подготовка, додека истовремено се работи на оперативата и јакнење на капацитетите на институциите. Ова беше истакнато денеска на третиот ПФМ дијалог кој се одржа во Министерство за финансии, на кој...

Заев – Туск: Ако се продолжи со ова темпо, ќе се надомести изгубеното време за ЕУ-интеграција

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров ја започна работната посета на Брисел со средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. На средбата било констатирано дека определбата за решавање на крупните политички прашања со соседите и носењето на реформите во клучните области правосудството, безбедносните служби, јавната администрација, медиумите, борбата против корупцијата, ја поставиле Македонија на...

Големата реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем ќе ги „поткачи“ и странците

Министерството за внатрешни работи (МВР) подготвува нови и менува повеќе постоечки закони во насока на реформирање на безбедносно-разузнавачкиот систем во Македонија. На Единствениот национален електронски регистар на прописи е објавена подготовка на повеќе прописи, а меѓу другите и на предлог за изменување на законот за странци со цел, како што се вели, усогласување со предложените закони во врска со...

Прибе очекува промена во однесувањето на судските институции

Рајнхард Прибе и групата високи експерти по владеење на правото кои ја оценуваа состојбата со владеењето на правото во 2015 и 2017 година од 5 до 7 декември биле во посета на Скопје за да направат увид во спроведувањето на препораките кои ги даде групата во однос на судските реформи, информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Прибе имал средби...

Заев ги информирал европратениците за процесот за уставни измени

Премиерот Зоран Заев, денеска се сретнал со пратениците од Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер и Кнут Флекенштајн. Заев ги соопштил очекувањата околу гласањето на уставните амандмани, согласно Договорот од Преспа, во Парламентот, како и реформите што се прават во безбедносните служби, правосудството, јавната администрација, очекувањата за реализацијата на реформите за борбата против криминалот и корупцијата, како и во медиумската сфера. -Очекуваме во...

Светска банка: Со просечни 2,8 проценти пораст, ќе ви требаат 70 години да ја стигнете ЕУ

Светска банка смета дека Македонија има голем потенцијал за забрзување на економскиот пораст, за намалување на сиромаштијата и за подобрување на животниот стандард, особено за луѓето во најдолниот дел на распределбата на приходите. Ова денеска беше посочено на презентација на анализата „Постигнување посветла иднина за сите“ во која се разгледува напредокот на Македонија во текот на 27 години по остамостојувањето, а...

Светска банка со позитивна оцена за реформите на системите за социјална и детска заштита

Светска банка дава позитивна оценка за реформите на системите за социјална и детска заштита, предложени од Министерството за труд и социјална политика, со кои се очекува трајно да се намали сиромаштијата во Македонија и да се обезбедат еднакви услови за раст и развој за секое дете, информираат од МТСП. Во рамките на извештајот се препорачува и поддржува трансформација на програмата...

Стопанските комори со нови предлог-реформи во земјоделскиот сектор

Четирите стопански комори испратија официјален допис до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел да се поттикне дискусијата и решавањето на проблемите кои ги засегаат микро, малите и средните претпријатија од земјоделскиот бизнис-сектор. Тие бараат укинување на скалестиот систем на субвенционирање во земјоделството, а имаат и предлози за измена на Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија. „Преку овие...

Објавен финалниот извештај за медиумските реформи

Фондацијата Метаморфозис во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ кој се однесува на исполнетоста на Итните реформски приоритети (ИРП) за слободата на изразувањето го објави финалниот извештај кој сумарно ги презентира генералните резултати од набљудувањето, во периодот од 1 јули 2017 до 30 септември 2018 година. Во извештајот, во однос на исполнувањето на реформите, предмет на следење беа четирите...

Извештај: 27 спроведени реформи во јавната администрација, 37 се во тек 9 доцнат

На седницата на Советот за реформа во јавната администрација во Владата бил усвоен полугодишниот извештај кој покажува дека 27 активности биле целосно спроведени, на 36 активности спроведувањето е во тек, а за останатите девет активности се доцни со имплементација. Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски најави дека во наредниот период ќе се зголеми динамиката на спроведување на активностите, а...

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...