Заев: Граѓанскиот мониторинг ѝ спаси на државата 100 милиони евра

-

„Неодамна се потсетивме на големиот граѓански протест во 2015 кога над 70 граѓански организации им се придружија на десетиците илјади граѓани на масовниот протест за враќање на владеење на правото, создавајќи широка граѓаанска коалиција која побара моѓта на државата да се намали за сметка на активни, гласни и критички граѓани. Денес Владата може да каже дека застана зад принциот за еднакви можности за сите во нашето општество, зад принципот на социјална правда“, рече премиерот Зоран Заев обраќајќи им се на присутните на денешната конференција насловена како „Реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации“ во организција на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Признавајќи им ја важноста на граѓанските организации со нивното искуство од теренот, анализите и експертизата како и улогата во реформските промени и на патот на државата кон ЕУ, тој им заблагодари за партнерскиот однос и гласноста и критиките, истакнувајќи дека тие помогнале во создавањето на реформскиот курс на земјата и во градење на политиките на Владата, која ги третира граѓанските организации како партнер во градење на цврсти политики кои се во интерес на граѓаните.

„Ова е преточено во закони и подзаконски акти и тоа секој министер го има прифатено како принцип на работа во своето Министерство и речиси да нема одлука која не е донесена без соработка со граѓанското општество. За две години, тоа не е малку сработено“, рече Заев.

Заев истакна дека е потребно да се изнајде најдобар начин за финансирање на граѓанските органиации во насока на ограничување на државата и за остварување на правата на сите граѓани подеднакво. Државата бара модел за обезбедување финансиска одржливост на граѓанските организации, како и начини за нивно финансирање и институционална рамка за прераспределба на средствата. До крајот на јуни се очекува драфт верзија на моделот, а до средината на септември да биде веќе избран.

„Има проценки дека граѓанскиот мониторинг и гласноста во медиумите државата заштедила околу 100 милиони евра бидејќи на тој начин во институциите се крадат помалку пари. После двегодишното искуство на оваа функција, јас како економист можам да кажам дека во државните институции, јавните претпријатија, има сериозни резервоари на пари и токму граѓанските организации можат да помогнат тие пари да се искористат за доброто на граѓаните, кои можат да се алоцираат кај граѓанските здруженија кои потоа неколкукратно ќе се враќаат во буџетот на државата“, истакна премиерот Зоран Заев.

Тој потсети и на можноста за финансирање на граѓанските здуженија и од бизнисот на игрите на среќата и на податокот дека околу една милијарда евра циркулираат во бизнисот на коцкарниците, обложувалниците и на другите форми на оваа дејност, како и од подобрувње на сегашната даночна евазија и други извори на средства.

„Знаеме дека 30 проценти од платите денес во државата се исплаќат во кеш“, рече Заев.

Според директорот на МЦМС, Александар Кржалоски,  европските искуства говорат дека во просек околу 35% од финансирањето на граѓанските организации е од страна на буџетот на државата додека во Република Северна Македонија тие главно се финансираат од странство од странски донации.

Притвор за тетовецот кој уценувал малолетничка и објавувал нејзини фотографии со вулгарна содржина

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишник од селото Церово кој е осомничен дека спрема малолетничка родена 2007 година сторил кривично дело – злоупотреба на лични податоци и...