fbpx

МО: Ревизорскиот извештај е потврда за тешката состојба која ја наследивме

-

Извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) е уште една потврда за тешката состојба која Владата ја наследи и во Министерството за одбрана, нагласува Министерството во својот допис до „Мета“ по повод ревизорскиот извештај за 2017 година.

При ревизија на сметката на основниот буџет на Министерството за одбрана за 2017 година, ревизорите констатирале  слабости во системот за јавни набавки во одбраната, незаконитости во набавките, нецелосен попис на имотот и неосигурен имот на Министерството за одбрана и АРМ.

„Го поздравуваме извештајот на ДЗР за ревизија на Министерството за одбрана за 2017 година, кој следеше по доставеното барање од министерката Шекеринска веднаш по стапувањето на функцијата, за ревизија на работата на Министерството. Извештајот на ДЗР е уште една потврда за тешката состојба која Владата ја наследи и во Министерството за одбрана“, се вели во дописот.

Ревизорите во својот извештај изразиле неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Во годината за која се однесува ревизијата се смени власта, а Министерството за одбрана, кое го предводеше Зоран Јолевски, го презема актуелната министерка Радмила Шекеринска.

„На 01.06.2017 година, беше затекната ситуација со усвоен буџет, утврдени планови за набавки и голем број на системски проблеми на кои укажува Државниот завод за ревизија. За најголем број од овие проблеми веднаш започнаа процедури за нивно решавање“, стои подолу во дописот.

Министерството за одбрана наведува дека лани во рекордно време ги изработило Стратегискиот одбранбен преглед и Стратегијата за одбрана, кои требало да бидат усвоени уште во 2015 година, јавните набавки ги спроведува целосно електронски и се подигнува транспарентноста, а во минатите две години редовно спроведува внатрешна ревизија.

За забелешката дека нема проценка на имотот и тој не е осигурен, Министерството одговара дека ќе го почне процесот на проценка на имотот, која досега никогаш не била направена, од формирањето на АРМ до денес. Наскоро, нагласува Министерството, ќе биде донесен план за постапување и по другите препораки на Државниот завод за ревизија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...