Со одлука на претседателот на државата, Стево Пендаровски, Еролд Муслиу е именуван за нов директор на Агенцијата за разузнавање. Тој досега беше помошник-директор во агенцијата.

Ерол Муслиу завршил Факултет за безбедност во Скопје како еден од најуспешните студенти, а по дипломирањето веднаш бил вработен во 1994 година во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, а со формирањето на Агенцијата за разузнавање, преминува да работи во неа. Тој е непартиски кадар како предлог за директор на УБК.

Мандатот на досегашниот директор, Зоран Иванов заврши денеска.

Пендаровски со ова решение ја започнува кадровската политика во безбедносно разузнавачките структури кои се во негова надлежност.