Социетас Цивилис: Кредибилитетот на ЕУ пред граѓаните ќе биде ставен под прашање

-

Центарот за европски интеграции (ЦЕИ) при Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) денеска изрази загриженост за заклучокот на Европскиот Совет да не одреди датум за пристапните преговори со Северна Македонија, порачувајќи дека таквата одлука реално ги влошува состојбите и го нарушува кредибилитетот на ЕУ.

„ЦЕИ на ИДСЦС смета дека со одложување на почетокот на пристапните преговори, кредибилитетот на Европската Унија пред граѓаните и општествено-политичките чинители во Северна Македонија и регионот ќе биде ставен под прашање. Дополнително, прогресот направен во исполнувањето на реформите, како и добрососедските односи не е неповратен. Недавањето на датум за преговори може да придонесе кон нарушување на одржливоста на овие важни процеси не само во Северна Македонија, туку и во регионот. Оттука, потребно е Советот да донесе конечна одлука во октомври со одредување на конкретен датум за прва меѓувладина конференција. Ваквиот чекор на Советот позитивно ќе влијае на градење на внатрешната кохезија во државата нарушена по потпишувањето на договорите со Бугарија и Грција“, се вели во соопштението.

Центарот за европски интеграции на ИДСЦС ги повикува Владата, останатите државни институции, како и опозицијата да продолжат да работат на исполнување на реформите во насока на надминување на проблемите поврзани со владеењето на правото и борбата против корупција и организиран криминал.

„Особен фокус е потребен во постигнување на национален, натпартиски консензус за Законот за Специјалното Јавно Обвинителство. Дотолку повеќе, ИДСЦС и ЦЕИ ја повикуваат Владата да ја обелодени преговарачката структура и да го води овој, пред се, општествен процес транспарентно и отчетно“, се вели во соопштението.

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Македонија потпиша договор за економска соработка со Обединетото Кралство

На 22 мај 2025 година, во Лондон, вицепремиерот Александар Николоски, во име на Владата на Република Северна Македонија, го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти,...