fbpx

ЕК повика да се одржува темпото на реформите и политичкиот дијалог

-

На денешниот, 16-ти состанок на заедничкиот Комитет за стабилизација и асоцијација, кој го сочинуваат претставници на Северна Македонија и на ЕУ, претставниците на Европската Комисија упатиле охрабрување до сите политички партии и чинители во земјава да работат заеднички на одржувањето и зајакнувањето на политичкиот дијалог и да продолжат со исполнување на ЕУ-агендата, особено во поглед на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, безбедносно-разузнавачките служби и јавната администрација, на сеопфатен и транспарентен начин.

Тоа го соопшти Делегацијата на Европската Унија во Скопје, порачувајќи дека Европската Комисија (ЕК) силно ја нагласила важноста на одржувањето на темпото во прилагодувањето на националното законодавство со законодавството на ЕУ.

Со денешниот состанок заеднички претседавале Џеновева Руиз Калавера, директор за Западен Балкан во Директоратот за европска соседска политика и преговори за проширување при ЕК, и Калинка Габер, државен секретар во Секретаријатот за европски прашања.

На состанокот на кој се разгледувале актуелните состојби во Северна Македонија во поглед на исполнувањето на политичките и економските критериуми, обете страни ги поздравиле постигнувањето на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, се дознава од соопштението.

Притоа бил поздравен напредокот во ЕУ реформите, посебно во областите опфатени со владиниот план „3-6-9“ и Планот 18.

На својот Твитер-профил, Калавера го посочи Преспанскиот договор како постигнување без преседан и пример за регионот и пошироко.

 

„Ја повторив препораката на ЕК да се отпочнат пристапни преговори со Македонија. Важно е ЕУ да исполни до октомври“, напиша таа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народна банка-ММФ: Денарот е стабилен, инфлацијата под контрола

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменик министерот за финансии, Филип Николоски и вицегувернерот Фадил Бајрами се дел македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. На...