Тимоние: Потребна е професионализација на администрацијата, не партизација

-

Потребни се суштински, квалитативни, а не квантитативни реформи и професионализација на администрацијата наспроти постојаната состојба на нејзина партизација, порача амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, на денешната конференција во Скопје „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет”.

Тој порача дека реформата на јавната администрација е многу важен дел во процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон ЕУ.

– И покрај добрата оцена за земјата во извештајот на ЕК, Република Северна Македонија треба активно да работи на суштински реформи и да се справи што поскоро со корупцијата која е особено видлива во администрацијата – порача тој, поздравувајќи ги и заложбите на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

На конференцијата „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет”, која е завршен настан на европскиот проект „Граѓанска алијанса за транспарентност” спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Евротинк – Центар за европски стратегии учествуваа владини функционери, амбасадори, претставници на делегацијата на ЕУ, граѓански организации и новинари кои дадоа осврт на состојбата, но и за можностите и предизвиците во реформата на јавната администрација, особено по јунскиот Европски совет.

Санта Аргирова, Претседателката на Управниот одбор на ФООМ ја отвори конференцијата истакнувајќи дека и во состојба на значителни политички случувања кои влијаеа врз реформата на јавната администрација, сепак донесени се добри законски решенија и стратегии, чија квалитетна имплементација треба допрва да се случи.  Таа потенцираше дека неспорно е дека отпочнувањето на преговорите ќе ја забрза трансформацијата, но и дека реформите ги реализираме пред се’ за себе, за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Министерот Дамјан Манчевски пак истакна дека датумот за преговори, не треба и нема да влијае на реформите на јавната администрација, а плановите на МИОА и овој јунски Европски совет нема да ги одложи.

– Во моментов во завршна фаза е и новиот Закон за висока раководна служба. Со овој закон за прв пат, ќе се воспостави воедначена процедура за селекција и назначување на раководните позиции, темелена врз начелата на заслуги, еднаков пристап до работно место под еднакви услови, соодветна и правична застапеност и родова еднаквост.  Кандидатите ќе се избираат преку индивидуализирани процедури од страна на Комисија за висока раководна служба – појасни Манчевски.

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна најава досега...

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската зоолошка градина

Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при што детално опишува сериозни пропусти во грижата за животните и недостиг на основни стандарди за нивна...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Истанбул во Турција. Епицентарот на земјотресот во Турција е соопштено дека е на длабочина од 12 километри,...

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

Сѐ почнува со кратко видео: млада девојка во Дубаи, со лаптоп во скут и плажа во позадина, вели дека работи за себе, нема шеф и живее од тргување на берза. „И...

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна...