fbpx

Реформските процеси во државата, во фокус на средбите на Заев со Хан и Столтенберг

-

Премиерот Зоран Заев во Брисел претседаваше со 15. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, кој во моментов претставува највисоко тело за одржување на формалните односи меѓу Европската унија и Република Северна Македонија.

„Иако сериозен дел од политичката енергија беше посветен на решавање на отворените прашања, ве уверувам дека реформските процеси во земјата беа спроведувани во континуитет. Притоа, вложуваме напори да одржиме дијалог со сите чинители во општеството, вклучувајќи ја и опозицијата, се со цел да го унапредиме политичкиот дијалог и низ инклузивен процес да обезбедиме поддршка за сите клучни реформски закони“, рече премиерот Заев.

Во рамките на посетата на Брисел, Заев се сретна и со комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан. На средбата, Хан го охрабрил премиерот да продолжат реформите во земјата. Премиерот го информирал еврокомесарот дека очекува за околу еден месец да се одржат успешни и кристално чисти претседателски избори.

Премиерот Заев се сретна и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на која што средба била истакнато дека нашето членство во НАТО дополнително ќе придонесе за стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа и ќе биде инструмент за креирањето на нова, позитивна слика за регионот. Столтенберг го охрабрил Заев да се продолжи со започнатиот реформски процес.

Инаку досега пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО го потпишаа неколку земји членки на Алијансата, односно Грција, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска, Црна Горна, Романија и Литванија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...