fbpx

Владата ги преименува ЕЛЕМ, Македонска пошта и МИА и одобри намалување на роамингот

-

На вчерашната 126-та седница, Владата вчера, меѓу другите точки, го прифатила нацртот на Договорот за понатамошно намалување на цените на роамингот во Западен Балкан и преименуваше три државни претпријатија.

Според обврските од Преспанскиот договор,  новиот назив на АД  Македонска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), отсега ќе биде АД Медиумска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), новиот назив на АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) ќе гласи АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), а новото име  на АД за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ во државна сопственост – Скопје, ќе гласи АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост Скопје. Со тоа, барем во кратенката, се враќа кратенката на поранешното Електростопанство на Македонија (ЕСМ), кое беше разделено на три претпријатија, односно сегашната ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ.

Владата вчера исто така го усвоила Извештајот за извршени преговори и го прифатила усогласениот текст на Договорот за намалување на цените на услугите за роаминг за мобилните корисници регионот на Западен Балкан и го овласти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски  да го потпише договорот.

Владиниот кабинет вчера одлучил да почне да се изработува Стратегија за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија со цел да се зголеми довербата на граѓаните во институциите на системот преку системско унапредување на транспарентноста и отвореноста на државните институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...