Анализа: Брисел бара македонските политичари да го сменат ментaлитетот

-

Во финишот на посетата на Брисел македонската делегација како да ја удри студен туш.

Со пофалбите за посветеноста на реформите, искажани по завршувањето на 15 состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу земјава и Европската Унија,  не стаса и гаранција дека во јуни ќе има зелено светло за отпочнување на преговорите со ЕУ.

По средбата со премиерот Зоран Заев, високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, изразија задоволство од динамиката на реформскиот процес, но истовремено беа јасни – побараа македонските политичари да го сменат менталитетот на политичко однесување.

Во таа смисла, еврокомесарот  Хан  нагласи дека земјата сѐ уште не ги завршила – реформите во судството,  разузнавачките служби и јавната администрација.

– Денеска  (19.03.2019) многу слушнавме за прогресот, но морам да ве охрабрам да продолжите, а не да ги забавите сите тие напори. Промените во легислативата се позитивни и неопходни, но сакаме да видиме и трајна промена на менталитетот и однесувањето. Тоа е нешто што е многу поважно во поглед на успешен процес за зачленување во ЕУ – изјави  Хан.

По средбата во Брисел и шефицата на европската надворешна политика, Могерини, фалејќи ја енергијата со која Владата пристапила кон реформскиот процес, прилично експлицитно кажа дека постојат слабости кои ќе треба да се поправат во иднина.

– Промената не е само да се донесат ЕУ-законите, туку и да се спроведат. Јас сум убедена дека Северна Македонија ќе остане посветена на својата работа во следните недели, месеци, години, а ние ќе ја дадеме целата своја поддршка за имплементирање на реформската агенда… – посочи Могерини.

Исто така, европските челници јасно ставија до знаење дека ЕУ одблизу ќе го набљудува изборниот процес, предупредувајќи дека претседателските избори мора да бидат беспрекорно организирани и кристално чисти. Тие ги повикаа и власта и опозицијата на одговорност, бидејќи учеството во изборните процеси ќе биде од суштинска важност за проценката за старт на преговори во јуни.

Слушајќи ги со внимание ваквите предупредувачки сигнали на европскиот двоец Хан –Могерини, премиерот Заев вети дека Владата ќе работи на реформите со засилено темпо.

– Во периодот пред нас ќе работиме уште повеќе, уште подобро, заедно со опозицијата и сите пратеници во Собранието на Северна Македонија за остварување на сите преостанати задачи кои можат да имаат влијание на одлуката во јуни – рече Заев.

Во меѓувреме, работните групи на власта и опозицијата не успеаја да се усогласат околу предлог-законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Нов обид да се постигне согласност за иднината на СЈО ќе има в петок (22.03.2019), за кога е договорен уште состанок на работните групи.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...