вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Федерика Могерини | 168 резултати

Димитров во Скопје со Палмер, Заев во Брисел на проштална вечера кај Могерини

29 октомври 2019

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, денеска пристигнува во Скопје на работна посета, соопшти Министерството за надворешни работи. Палмер ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, a се очекува да разговараат за билатералните односи меѓу земјава и Соединетите Американски Држави, како и за поддршката од САД […]

Могерини: Одбивањето на Скопје и Тирана е повеќе од промашена шанса, тоа е историска грешка

21 октомври 2019

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ во заминување, Федерика Могерини, оцени дека одложувањето на одлуката на Европскиот совет за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија, не е само пропуштена шанса, туку е историска грешка. – Тоа е повеќе од пропуштена шанса, тоа е историска грешка што се надевам дека наскоро ќе биде поправена […]

Османи пред Могерини: Продолжуваме со борбата против криминалот и корупцијата

16 септември 2019

Вицепремиерот Бујар Османи на денешната средба во Брисел со Федерика Могерини, Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската Комисија, порачал дека владата на Северна Македонија нема да прави отстапки во борбата против криминалот и корупција. Тој истовремено изразил увереност дека за 30 дена отсега земјава ќе добие датум […]

Пендаровски од утре во работна посета на Брисел, на средби со Туск и Могерини

11 јуни 2019

Претседателот Стево Пендаровски, од утре (12 јуни) ќе престојува во работна посета на Брисел. „Пендаровски ќе оствари одвоени билатерални средби со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и со заменик-претседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини. За време на работната посета на Брисел, претседателот […]

Хан: И да почнат преговорите утре, ќе минат години до зачленување во ЕУ

29 мај 2019

Со многубројни посочувања на Северна Македонија како земја што направила огромен напредок, Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, на прес-конференција во Брисел ги презентираа пред новинарите извештаите за 2019 за напредокот на повеќе земји, меѓу кои и за нашата. Европската комисија побара од Европскиот […]

Хан и Могерини ќе го претстават новиот пакет за проширување

29 мај 2019

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, и потпретседателката на Европската комисија (ЕК), Федерика Могерини, денеска во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) ќе гo презентираат најновиот пакет за проширување на ЕУ. Тоа вклучува и претставување на Извештајот на ЕК за напредокот на Северна Македонија за 2019 година. Иако се […]

Могерини: Ќе биде голема грешка ако ЕУ не ги почне преговорите во јуни

18 април 2019

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини очекува Северна Македонија и Албанија во јуни да ги почнат преговорите за членство во Унијата. Во обраќањето пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Могерини посочи дека би била голема стратешка грешка и пример за „кратковидност” на ЕУ доколку не донесе одлука за […]

Анализа: Брисел бара македонските политичари да го сменат ментaлитетот

21 март 2019

Во финишот на посетата на Брисел македонската делегација како да ја удри студен туш. Со пофалбите за посветеноста на реформите, искажани по завршувањето на 15 состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу земјава и Европската Унија,  не стаса и гаранција дека во јуни ќе има зелено светло за отпочнување на преговорите со ЕУ. По средбата со премиерот Зоран Заев, високата претставничка за надворешна политика […]

Заев до Могерини: Работиме напорно за да заслужиме старт на преговорите со ЕУ во јуни

19 март 2019

Премиерот Зоран Заев својата работна посета на Брисел денеска ја започна со средба со потпретседателката на Европската Комисија и висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, информираат од Владата. „На средбата беше поздравен силниот напредок  на Република Северна Македонија во исполнувањето на реформската агенда. Владата од потпретседателката на Европската Комисија, Могерини […]

Османи во Брисел на средби со Могерини и Хан

20 февруари 2019

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во Брисел ќе има средби со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. Османи ќе одржи и брифинг со претставници на Работната група при Советот на […]

Могерини: ЕУ ќе го поздрави успехот постигнат со Договорот од Преспа

18 февруари 2019

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, порача дека министрите ќе го поздрават историскиот успех што го постигнаа двете страни со Договорот од Преспа. Решавањето на спорот за името е една од ретките добри вести за ЕУ, […]

Заев – Туск: Ако се продолжи со ова темпо, ќе се надомести изгубеното време за ЕУ-интеграција

19 декември 2018

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров ја започна работната посета на Брисел со средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. На средбата било констатирано дека определбата за решавање на крупните политички прашања со соседите и носењето на реформите во клучните области правосудството, безбедносните служби, јавната администрација, медиумите, борбата против […]

Шекеринска во Брисел: Македонија заслужи да ги почне преговорите со ЕУ

4 декември 2018

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Брисел учествуваше на конференција за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан, посветена на проширувањето на Унијата, интеграцијата и предизвиците од трансформацијата на земјите од регионов. На самитот, Шекеринска зборуваше на првата сесија насловена како „ЕУ-Западен Балкан: се уште комплицирано“. Таа истакна дека членството во ЕУ не […]

Можна средба на Могерини со премиерите од Западен Балкан во декември

29 ноември 2018

Во Европската Комисија се разгледува можноста високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини во втората половина на декември да се сретне со премиерите од Западен Балкан. Како што пренесуваат медиумите во Србија повикувајќи се на извори во Брисел, би станувало збор за Западнобалканската шестка – Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија – а […]

Собранието да го спроведе Договорот од Преспа, порачаа Хан и Могерини

1 октомври 2018

Високата претставничка на ЕУ за безбедност и надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во заедничка изјава го повикаа парламентот да го спроведе Договорот од Преспа за името и да ги усвои уставните измени. Могерини и Хан велат дека ова е историска шанса за земјата да направи решавачки чекор напред на патот […]

Могерини: На 30 септември нема да гласате на избори туку за вашата иднина

14 септември 2018

Со политичко лидерство и водство, храброст и одговорност можете да одите напред, порача Федерика Могерини, високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија во скопската чаршија и додаде дека решавањето на отворените прашања и спроведување на европските вредности ја носи Македонија кон ЕУ. Могерини истакна дека Македонија […]

Вучиќ: Спогодба со Приштина мора да се постигне кога-тогаш

13 септември 2018

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека дијалогот со Приштина ќе биде продолжен но и дека се мали шансите да се сретне со претседателот на Косово, Хашим Тачи, во Њујорк, во текот на Генералното собрание (ГС) на Обединетите Нации (ОК), како што денеска најави приштинска „Коха диторе“. – Уште не сум сосема сигурен, но […]

Могерини, Мичел и Бушати денеска во Скопје

13 септември 2018

Високата претставничка за недворешни работи на ЕУ Федерика Могерини, помошник-државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Арон Вес Мичел и министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, денеска ќе престојуваат во работна посета на Македонија. Могерини ќе има средби со премиерот Зоран Заев, со претседателот на државата Ѓорге Иванов, а ќе се […]

Вучиќ нема да се состане со Тачи во Брисел

7 септември 2018

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Брисел нема да се состане со својот косовски колега Хашим Тачи, односно дијалогот со посредување на ЕУ за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина засега е застанат. Одлуката на новинарите во Брисел, по средбата на Вучиќ со еврокомесарката Федерика Могерини, им ја пренесе Марко Ѓуриќ, директор на […]

ЕУ: Зајакнување на трговијата со Иран е клучна за спроведување на договорот

7 август 2018

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изјави денеска дека ЕУ ги охрабрува компаниите да развиваат бизнис со Иран, бидејќи таа земја ги исполнува условите за примена на договорот за нуклеарно оружје. Могерини, која е во посета на Нов Зеланд, изјави дека ЕУ вложува напори иранскиот народ да има економски […]

Страна 1 од 9