Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во Брисел ќе има средби со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Османи ќе одржи и брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан, а ќе учествува и на брифинг во Центарот за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: „Хоум ран” во преговорите за пристапување?”.

Како што е најавено, Османи ќе учествува и на Конференцијата на тема „Безбедност во ЈИЕ – безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата Ханс Сејдел.

Османи потоа во Виена ќе учествува на состанок на министри задолжени за европски прашања од земјите од Западен Балкан, што се одржува под покровителство на Сојузниот министер за Европски прашања на Австрија при канцеларијата на Сојузниот канцелар, Гернот Блумел.