fbpx

Медиумски манипулации во врска со односот на функционерите и институциите на ЕУ кон Заев и РСМ

-

Во деновите пред историскиот самит на Европската Унија во Брисел македонската јавност беше бомбардирана со медиумски манипулации чија цел беше премиерот Зоран Заев да се покаже во негативно или позитивно светло преку наводни постапки на функционери и институции на ЕУ поврзани со него.

Анализа на „Критинк“ укажува дека исечен дел од видео од средбата на шефицата на европската дипломатијата, Федерика Могерини, со лидерите од Западен Балкан е искористено за манипулирање на јавноста за да се прикаже дека Могерини го изигнорирала Заев на средбата и намерно не се поздравила со него, а се поздравила со сите лидери.

Оваа манипулација ја ширеа портали под наслов „Могерини го извиси Заев: Ладнокрвно го помина додека се поздравуваше со сите лидери“, во содејство со промовирани креатори на јавното мислење на социјалните мрежи.

Објавувањето на комплетна видео-снимка и фотографии од прошталната посета на Могерини со балканските лидери покажа дека немало никакво игнорирање или однос на Могерини кон Заев, кои меѓу другото и срдечно се гушкале.

Неколку дена подоцна, еден друг медиум во Северна Македонија наседна на манипулација со навидум позитивен призвук за Заев. Во проверката на факти насловена „Македонското знаме пред ЕК поставено поради посетата на Заев, а не од солидарност“ се посочува дека една еден саркастичен твит е пренесен како легитимна вест.

Имено на 16.10.2019 г. дописничката на „Фајненшел тајмс“ од Брисел, Мехрин Кан на својот твитер-профил објави фотографија од пред Европскиот парламент на која се гледаат знамињата на Европската Унија и знамето на Северна Македонија. Во објавата таа напиша: „По пристапното вето на Макрон, знамињата пред Европската комисија ја покажуваат солидарноста со Северна Македонија.“

„Критинк“ укажа дека знамето е поставено по повод работната посета на институциите на Европската Унија во Брисел  од страна на премиерот Заев, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Доколку знамето навистина беше поставено во знак на солидарност со Северна Македонија, тоа ќе беше објавено од страна на Европскиот парламент и на официјалните социјални мрежи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...