fbpx

Хемискиот инцидент во ОХИС под контрола, уверуваат надлежните

-

Денешниот инцидент со опасната хемикалија метил акрилат мономер помешана со вода, во некогашниот хемиски гигант Охис во близина на Скопје, е саниран, тврдат надлежните од Министерството за животна средина и просторно планирање и Еко-центар 97, фирмата која работела на отстранувањето на хемикалијата депонирана во кругот на фабриката. „Поради дефект на вентилот протекла вода од перење на резервоарот, со мал процент на хемикалија, но таа хемикалија има многу остар мирис и таа се осетила на 300-500 метри од локацијата во кругот на некогашен Охис каде што се случил инцидентот, изјави за 24 Вести директорот на Еко центар 97, Владо Момировски.

Според Момировски, водата не можела да истече надвор бидејќи околу силосот има безбедносен бетонски базен, а екипите на фирмата ја собрале целата вода во буриња. „Испран е и исчистен просторот, посипан е со апсорбенти и санацијата на местото на инцидентот е завршена“, уверува директорот на Еко-центар 97. Целото количество хемикалија е собрано во специјални буриња од АДС опрема, спремни за извоз, вентилот е поправен и нема никаква опасност, а вработените се повлечени од фабриката.

Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста  согласно последните информации добиени од надлежните инспекциски служби дека состојбата во Охис е целосно под контрола и дека нема место за паника. „Излевањето на водата при перење на празна цистерна поради пукање на вентил се случило во бетонска када чија функција е безбедносна токму при вакви случаеви“, се вели во соопштнието на МЖСПП. Во моментов, велат од министерството, излеаната течност е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста. Најавуваат дека пилевината ќе биде собрана во текот на утрешниот ден и соодветно, безбедно одстранета во специјални буриња за таква намена, а надзорот на локацијата ќе продолжи и утре.

Од Министерството за животна средина не соопштуваат информации за причините поради кои била ангажирана фирмата „Еко-центар 97“ за собирање на резервите хемикалии заостанати од технолошките процеси кои се одвивале во Охис кога фабриката се уште работела. Но, од „Еко-центар 97“ појаснуваат дека се работи за владин проект за отстранување на стари хемикалии заостанати како опасен отпад од пред 20-30 години. „Ние го добивме тендерот и работиме. Хемикалиите се спакувани, сега чекаме дозволи од 7 држави, во Швајцарија ќе се согоруваат“, вели Момировски во изјавата, но не објаснува точно за кој тендер станува збор.

Ова не е првиот случај во кој се инволвирани заостанатите резерви на хемиски отпад кој произлегол од работењето на некогашниот хемиски гигант. На 15 октомври беше објавен тендер за чистење на малата депонија со линдан сместена на просторот на некогашен Охис, со што беше означен процесот на решавање на оваа жешка еколошка точка, која го загадува поширокиот простор на скопската котлина, вклучувајќи ги воздухот, почвата и подземните води.

Тендерот објавен на 15 октомври, требаше да биде затворен на 11 ноември, но организацијата на Обединети нации УНИДО реши да го продолжи до 16 декември за да им овозможи на потенцијалните понудувачи подолг период да подготват презентација наа технологија за ремедијација, планови поврзани со безбедното работење и друго.

Останува неизвесно е дали денешниот еколошки инцидент дополнително ќе влијае на пролонгирањето на процесот на чистењето на опасниот линдан. За понеделник министерот за животна средина Насер Нуредини најави брифинг за новинарите.

Инаку на Електронскиот систем за јавни набавки компанијата „Еко-центар 97“ може да се забележи само во еден склучен договор за јавни набавки и тоа со ЈЗУ Клиника за Хематологија за превземање и третман на електронска опрема во износ од 118.000 денари.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...