петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Федерика Могерини | 168 резултати

Мицкоски ја информирал Могерини дека реформите во државата не се исполнуваат

јануари 29, 2018

По средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Брисел се сретна и со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Тие, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, разговарале за стратешките приоритети на Македонија, а тоа е полноправното членство во ЕУ. „Како претседател на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ […]

Заев и лидерите од Западен Балкан ја гледаат 2018 година како клучна за исчекор кон ЕУ

декември 18, 2017

Премиерот Зоран Заев и неговите колеги од земјите од Западен Балкан вечерва во Брисел присуствуваа на неформален состанок на покана на високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини. Заев на неговиот официјален „Фејсбук“ профил наведе дека на средбата било констатирано дека лидерите од регионот ја гледаат 2018 година како клучна […]

Заев и премиерите од Западен Балкан утре на состанок со Могерини

декември 17, 2017

Премиерот Зоран Заев утревечер во Брисел, заедно со премиерите на земјите од Западен Балкан ќе има неформален состанок со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Во фокусот на третиот состанок, кој се одржува на иницијатива на Могерини, ќе се најдат актуелните случувања во регионот, како и европерспективите на земјите од Западен Балкан […]

Заев до Могерини: Продолжуваме силно, ама дома имаме „одредени политички околности“

декември 6, 2017

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и од шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска во Брисел се сретнаа со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини. Заев на средбата се заблагодарил за посветеноста на ЕУ за Македонија да се врати на евроатлантскиот пат. […]

Заев денеска и утре во Брисел, на средби со Јункер, Могерини и со Хан

декември 5, 2017

Премиерот Зоран Заев денеска и утре е во дводневна работна посета на Брисел, на која е предвидено да се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, како и со комесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан. По средбата, која е […]

Заев ќе се сретне со Јункер, Тајани, Могерини и со Хан во Брисел на 5 и 6 декември

декември 2, 2017

Премиерот Зоран Заев ќе се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, за време на својата дводневна работна посета на Брисел на 5 и 6 декември, информираат од кабиентот на премиерот. По средбата, која е прва меѓу македонски премиер и актуелниот претседател на Европската комисија, предвидени се заеднички изјави на Заев и на Јункер. „На 6 декември, Заев ќе […]

Следната недела во Брисел, Заев ќе се сретне со Јункер, Тајани, Могерини и со Хан

ноември 29, 2017

Премиерот Зоран Заев на 5 и на 6 декември ќе престојува во дводневна посета на Брисел, каде што ќе учествува на повеќе настани и ќе се сретне со високи претставници на европските институции, информираат од владината прес-служба. Во рамки на посетата, Заев ќе присуствува на Европскиот молитвен појадок, на покана на европратеникот Алојз Петерле, а ќе […]

Могерини во декември организира вечера за Заев и за премиерите од Западен Балкан

ноември 28, 2017

Високата претставничка на Европската Унија, Федерика Могерини, планира пред крајот на годинава да организира состанок со премиерите од Западен Балкан. Состанокот ќе се одржи во Брисел, во форма на работна вечера, и најверојатно ќе биде на 18 декември. Сепак, засега не е прецизно утврден датумот, бидејќи се чека потврда од сите премиери. На неформалната работна […]

Жешка пролет за Македонија најавија Хан и Могерини

ноември 14, 2017

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Брисел со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини разговарале за потребата за интензивирање на реформскиот процес и негово преточување во конкретни резултати. На средбите, како што соопштија од македонското МНР, биле […]

Османи: Македонија не смее да си дозволи да го пропушти овој бран на европски оптимизам

ноември 14, 2017

Не е возможно да има кредибилност на процесот на проширување, без Македонија да биде дел од Стратегијата на Европската Комисија за проширувањето на Унијата, изјавил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини. Според Османи, создадени се соодветни услови за 2018 година да биде историска […]

Димитров и Османи во дводневна посета на Брисел – ќе имаат средби со Могерини и со Хан

ноември 12, 2017

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел. Двајцата министри ќе имаат средби со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан. Тема на разговорите ќе […]

Хан до Заев: Продолжете да работите демократски на започнатите реформи

септември 21, 2017

Продолжете да работите демократски на започнатите реформи, тоа што ќе го постигнете е важно за перспективите на вашата држава и за целиот регион, порачал еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан на средбата со премиерот Зоран Заев, во рамките на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Хан ги оценил иницијативите на Владата […]

На Глобалниот бизнис-форум на „Блумберг“, Заев ќе се сретне со Хан и со Могерини

септември 20, 2017

Премиерот Зоран Заев, во рамките на активностите за време на Генералното собрание на ОН, денеска ќе учествува на Глобалниот бизнис-форум на „Блумберг“, на кој ќе учествуваат шефови на држави и на влади, како и претставници на најголемите светски компании, информираат од владината прес-служба. Во текот на денот, Заев ќе има средба со еврокомесарот за проширување […]

Заев во Њујорк на ГС на ОН и на средби со Трамп, Гутереш, Могерини и со Туск

септември 17, 2017

Премиерот Зоран Заев од денеска до 23 септември ќе присуствува на 72. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, САД, соопшти владината прес-служба. Во составот на делегацијата предводена од Заев, ќе бидат министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми. Премиерот ќе присуствува на отворањето на работата […]

Хан на средба со Димитров во Талин дал поддршка за владините реформи

септември 8, 2017

На маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидати за членство во ЕУ во Талин, денеска шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, имал средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, соопшти македонското министерство за надворешни работи. „На средбата шефот на македонската дипломатија го запозна еврокомесарот […]

Димитров во Талин: Имам голема приказна во надежен момент за Македонија

септември 8, 2017

Имам голема приказна да им раскажам на министрите од ЕУ во овој надежен момент за Македонија, рече шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во главниот град на Естонија, Талин. Таму се одржува неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидати за членство во ЕУ. Димитров се […]

Димитров во Талин на неформален состанок за безбедносните предизвици на Европа

септември 7, 2017

На покана на високaта претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, и на министерот за надворешни работи на Република Естонија, Свен Миксер, шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска во Талин учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидати за […]

Могерини: Очигледно е дека целиот Балкан на крајот ќе биде дел од ЕУ

септември 5, 2017

Ние работиме на тоа секој наш поединечен партнер од Западен Балкан да има перспектива за членство во Европската Унија, изјави високата претставничка за надворешна и за безбедноста политика на ЕУ, Федерика Могерини, во своето обраќање на Бледскиот стратешки форум во Словенија. Могерини истакна дека Балканот е веќе во Европа, дека се наоѓа во срцето на […]

Шекеринска во посета на Словенија, на средби со Пахор и со Могерини

септември 3, 2017

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, заедно со делегација од Министерството, утре и задутре ќе престојува во Република Словенија, на покана на министерката за одбрана на Словенија, Андреја Катич. Во рамки на посетата Шекеринска ќе има средби и со претседателот на Словенија, Борут Пахор, и со потпретседателот на словенечката влада, Дејан Жидан. Шекеринска утре ќе учествува […]

Могерини: ЕУ на Балканот може многу да изгуби, но многу и да добие

август 29, 2017

Балканот е еден од четирите приоритети на надворешната политика на Европската Унија, изјави синоќа високата претставничка за надворешна и за безбедноста политика на ЕУ, Федерика Могерини, на отворањето на конференцијата со амбасадорите на Унијата во Брисел, истакнувајќи дека „како што добро знаат, ЕУ (на Балканот) може многу да изгуби, но и многу да добие“. Могерини […]

Страна 3 од 9