fbpx

Ова се реформите што ги спроведе Министерството за информатичко општество (инфографик)

-

Поголемиот дел од реформите предвидени со Акцискиот план за Стратегијата за реформи на јавната администрација се спроведени. Ова го покажува годишниот извештај на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за реформите во администрацијата, известува „Порталб.мк“.

Во областа на креирање политики, според извештајот, 57,78% од реформите се спроведени, 37,78% се одложени, додека 4,44% се во процес на спроведување. Во областа на јавните услуги и управување со ресурси, 80% од реформите се спроведени, а 20% се одложени.

Во областа на одговорноста, отчетноста и транспарентноста 57,89% од реформите се спроведени, 26,32% се одложени, додека 15,79% се во процес. Во областа на обезбедување комуникациски и технолошко информативни услуги и поддршка на администрацијата.

– Во текот на првата година од спроведувањето на акцискиот план работевме на имплементација на основите за реформските закони. Комплетиравме многу документи и стратегии кои се основа за реформи во јавната администрација, извршивме ревизија на постојните закони и подготвивме нови закони за воспоставување законска рамка за реформи. Поради недостигот на податоци, но и поради потребата од попрецизно идентификување на недостатоците и слабостите во областите опфатени со Стратегијата, развивме и нови анализи и истражувања. Во овој дел голема помош имавме од граѓанскиот сектор, но и од меѓународната заедница. Обезбедивме техничка и правна основа за дигитализација на услугите. Почнавме со спроведување на многу мерки, чие влијание граѓаните ќе го почувствуваат оваа година. Она што доаѓа оваа година е крајот на започнатите реформи и видливи резултати за подобрување на животот на граѓаните – вели министерот Дамјан Манчевски.

Според него, реформата во јавната администрација е една од основните заложби на Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...